Стоиљковиќ објави слики од „демолираното“ БМВ оставено на сервис во времето на Груби

Од:

Министерството за односи меѓу заедниците објави фотографии и записник за автомобилот БМВ за кој министерот Иван Стоиљковиќ објави дека било однесено и заборавено на сервис. Тој рече дека БМВ-то вредно 60 илјди евра е пронајдено во многу лоша состојба во сервисот.

Според детали од објавени записник, возилото било однесено на сервисот со кој Министерството имало договор за одржување на возилата. Вработените кои го изготвиле записникот, велат дека претходниот министер Артан Груби не дозволил да се поправа дефектот, односно закочувањето на мотрот, и БМВ-то останало кај сервисерот.

Во меѓувреме се смени власта, Министертвото сега има договор со друг сервисер. Во текот на годината, имало повеќе неуспшени обиди сервисот од Куманово да го врати возилото, на крај биле испратени двајца вработени во Министерството кои констатирале дека на автомобилот му недостасуваат делови, а во записникот сведочат дека возилото на сервис било предадено со комплетна каросерија.

Од фотографиите се гледа дека навистина на возилото недостасуваат делови, ставена му е врата од друг автомобил и генерално е во лоша сотојба.

Би можело да ве интересира

Одбраната на обвинетите во „Лотарија“ тврди набавката на ВЛТ-апаратите е потврдена со финансиските планови и планот за јавни набавки

Сведок на судењето за „Лотарија“: Управниот одбор не донел конкретна одлука за набавка на ВЛТ-терминалите

Одложено испитувањето на сведоците во случајот „Лотарија“, за доказите одбраната ќе се произнесе на 30 октомври

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Огномет, факели и еуфорија за Артан Груби кој излезе од домашен притвор

Левица: Груби излегува од куќен притвор – дилот меѓу ДПМНЕ и ДУИ за „Бехтел и Енка” си тече!

Заврши куќниот притвор на Артан Груби

Катерина Ѓуровски