Владата уште еднаш ја потврди својата дискриминаторска политика кон Албанците, велат од ДУИ

Од:

Демократската унија за интеграција изразува најдлабоко негодување за фактот што, со последната одлука за еднојазични полициски униформи, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш ја потврди својата дискриминаторска и исклучувачка политика кон Албанците, наведувaат од ДУИ.

Ова не е само политичка одлука заснована на дискриминација, туку пред сè флагрантно кршење на Уставот, Законот за употреба на јазиците и Охридскиот договор. ВЛЕН ги манипулира граѓаните и се обидува да купи време пред избори, тврдејќи дека албанскиот јазик ќе се користи на полициските униформи. Но тоа не се осмелува да му го каже на својот патрон во Владата. Тие немаат храброст да го одбранат ни она што Албанците го имаат загарантирано со закон и Устав.

Законот за употреба на албанскиот јазик е јасен: двојазичноста е законска обврска, не само на беџовите, туку на секоја буква и на секој знак на полициските униформи. ДУИ остави закон, подзаконски акти и јасна правна инфраструктура. Актуелната Влада нема ниту капацитет ниту волја да ги спроведе процесите предвидени со закон, но барем е обврзана да го зачува она што е постигнато.

Актуелната Влада не се грижи за законот и правилата. За нив е поважно да ја наметнат опасната логика „Македонија на Македонците“, без почитување ниту на Уставот, ниту на законите, ниту на правилниците. Тие се гледаат себеси како сама држава, спроведувајќи идеолошка платформа што вештачки создава внатрешни и надворешни непријатели. Во таа функција ги имаат инструментализирано и институциите кои треба да бидат независни, вклучително и Уставниот суд, кој е претворен во параполитички орган.

Кога законот бара двојазичност, а Владата наметнува еднојазичност, тоа е доказ за заробена држава од исклучувачка идеологија. Сервилното молчење на албанските партии на власт само уште повеќе го засилува овој срам, бидејќи во име на тесни политички интереси тие прифаќаат да газат врз достоинството на Албанците.

ДУИ јасно порачува: Албанците нема да прифатат такви понижувања. Бараме итно повлекување на дискриминаторската одлука и почитување на законот со употреба на албанскиот јазик согласно законските одредби. Достоинството не се купува и не се продава. Оваа срамна одлука ќе падне, затоа што Албанците ќе го одбранат законот и еднаквоста, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Дали возилото на заменик-директорот на Царина беше веднаш зад возилото на уапсениот за примање поткуп од 17.500 евра?

А1он

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

ДУИ: 17.500 евра не можат да завршат кај заменик-директорот – да се истражи целиот синџир до Даути, Касами и Меџити

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди она што го кажав за договорите за избори меѓу ВМРО и ДУИ

ДУИ: Касами го заборава албанското знаме, наместо него, во центарот на Тетово знамето на Вергина

Горан Наумовски

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски