Владата со нови стипендии за докторски и специјалистички студии

Од:

Владата ќе доделува полна стипендија на секое лице што ќе успее да се запише на докторски или специјалистички студии во областа на медицинските, стоматолошките или фармацевтските науки на еден од стотте најреномирани универзитети во светот.

Ова денеска со соопшти владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев, и според него не се ограничени ниту бројот, ниту висината на стипендиите доколку апликантот ги исполнува потребните услови.

„Ова е исполнување на уште едно ветување. Владата секогаш, како и досега ќе ги мотивира и ќе обезбедува финансиски средства за лицата кои сакаат да го надградат своето образование на конкурентни меѓународни универзитети и да ги зголемат знаењата и вештините за потоа, тој образовен фонд да го искористат во Македонија и да придонесат за општиот развој на државата“, рече Ѓорѓиев.

За стипендиите кои вклучуваат школарина и трошоци за престој и исхрана, ќе бидат распишани два конкурса. Првиот за докторски и специјалистички студии од областа на медицината, стоматологијата и фармацијата ќе биде објавен денеска на веб-страницата на Министерството за образование и наука, како и преку средствата за информирање, а вториот кој се однесува на докторски студии за која било научна област ќе биде распишан идната недела.

Би можело да ве интересира

Мицкоски најави реконструкција на Владата во мај или јуни

Горан Наумовски

Алиу: Се воведува дигитално водење на медицинската документација

Лекарите од дефицитарни специјалности ќе може да работат до 70 години

Владината прес-служба тврди: Лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на премиерот Мицкоски патувало до Хрватска со владиниот авион

Горан Наумовски

Владата ги утврди новите амбасадори – Муртезани заминува во НАТО, Ефремов во Софија

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски