Владата останува, опозицијата бара брзи предвремени избори

Од:

Владата останува. Во Собранието синоќа пред полноќ не помина иницијативата од страна на опозицијата за гласање доверба на Владата.

Седницата ја затвори претседателот на Собранието Талат Џафери, со образложение дека поради немање кворум, не е отворен дневниот ред и не може да се отвори дебата за гласање доверба на Владата. Претходно, по неизвесноста и бурниот ден, пратениците од опозицијата си заминаа од Парламентот, но изјавија дека не ја повлекуваат иницијативата и побараа брзи предвремени парламентарни избори за излез од политичката криза.

– Поради тоа што не е отворен дневниот ред не може да се отвора дебата за гласање на недоверба на Владата. Констатираме дека на Владата не и изгласана недоверба и врз основа на ова Владата продолжува со полниот состав и со должностите коишто ги има. Седницата за гласање доверба на Владата е завршена, констатира синоќа Џафери.

Според процедурите на Деловникот, Џафери појасни дека од моментот на прашањето за доверба на Владата, Собранието има право на третиот ден да дебатира за прашањето за доверба на Владата поднесена од опозиција со 61 потпис.

– Имајќи во предвид дека тие немале кворум за целта за која што беше поднесено ова прашање дневниот ред не е изгласан поради тоа што не е отворен дневниот ред не може да се отвора дебата за гласање на недоверба на Владата. Констатираме дека на Владата не и изгласана недоверба и врз основа на ова Владата продолжува со полниот состав и со должностите коишто ги има. Констатирам дека предвидената материја за оваа седница е исцрпена и ја заклучувам оваа седница и констатирам дека седницата е завршена. На Владата и посакувам успех во наредните денови коишто ги има извршната власт, изјави Џафери.

На седницата синоќа беа присутни само претставниците на Владата предводена од Зоран Заев.

Откако беше затворена седницата, првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби пред Собранието во изјава за медиуми рече дека граѓаните треба да бидат спокојни оти вечерва победила евроатлантска Македонија.

– Победи Македонија со добрососедски односи. Македонија во добри пријателски односи со САД, со ЕУ, Македонија во добри односи помеѓу заедниците и благодарен сум и на сите коалициони партнери, изјави Груби, порачувајќи дека со ова парламентарно мнозинство останува загарантирана интеграцијата во Европската Унија.

Прашан дали „Алтернатива“ е новиот партнер, Груби рече дека добредојдени се сите кои посакуваат земјата да е интегрирана во ЕУ, да има добрососедски односи, мир и стабилност.

Претходно, пратениците од опозицијата си заминаа од Собранието, но како што изјавија не ја повлекуваат иницијативата за гласање доверба на Владата. Бараат брзи предвремени парламентарни избори за излез од политичката криза.

На почетокот на седницата, претпладне, присуствуваа 61 пратеник, но претседателот на Собранието Талат Џафери ја напушти седницата бидејќи, како што рече, не ја поддржува иницијативата и го повика потпретседателот на Собранието Фадил Зендели да ја води седницата.

При пребројувањето беше констатирано дека на седницата присуствуваа 60 пратеници. Пратениците од владејачките партии СДСМ и ДУИ не присуствуваа во салата, а без нив и без Кастриот Реџепи од Беса кој најави дека нема да учествува на собраниската седница, опозициските пратеници заедно со уште двајцата пратеници од Беса се 60.

Според членот 95 од парламентарниот Деловник, Собранието може да одлучува ако на седницата присуствува мнозинство од вкупниот број пратеници, односно 61.

В

Би можело да ве интересира

Мемов за А1он: Во ЗНАМ не се водиме од тоа кој ќе биде пратеник, личните незадоволства се приватна работа

По претседателката Новак, оставка поднесе и унгарска пратеничка

А1он

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

Орце Костов

Фондот за здравство остана без директор од ДУИ: Фатон Ахмети си поднесе оставка

Орце Костов

Наке Георгиев си поднесе оставка: Уште неизбран во Судски совет сакал да го намести за судија и синот Кирил

Орце Костов