Владата одзеде уште шест лиценци на фирми кои одгледуваат канабис

Од:

Владата денеска донесе одлука за одземање лиценци на уште шест фирми кои одгледуваат марихуана, истакна владината портпаролка Марија Митева, одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција.

Митева посочи дека станува збор за законски пропусти при извршена проверка од страна на Комисијата која што е надлежна да ги провери сите услови што треба да ги поседуваат.

Со тоа, бројот на фирми што останаа без лиценца за производство на медицински канабис порасна на 12, откако Владата на 24 февруари, им ги одзеде лиценците на шест фирми – „Алфафарм“, „Гринлајф“, „ЦБД медплант“, „Лајфплант“, „Атафарм“ и „Канабидоис“ – по наоди за низа неправилности, од административни и инфраструктурни, до технолошки и кадровски.

Одземањето на лиценците е во рамки на вонредните контроли што ги започна Владата што ќе опфати вкупно 43 правни лица кои се занимаваат со одгледување канабис.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Хрватска, Словенија, Црна Гора и Албанија имаат постари владини авиони од Македонија

А1он

Мицкоски: Спорен правилник отворил врата за канабис надвор од стандардите

Кривична за правно лице и управителот – постапиле спротивно на Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци

А1он

ЗНМ: Владата не смее да крие од новинарите информации од јавен карактер

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Фалат 40 килограми марихуана – Претрес кај фирми одгледувачи на канабис за медицински цели

Анита Петровска Рајковиќ

За Алијанса во Влада: Осум пратеници во замена за министри за здравство и правда, заедно со куп директорски места

Кристијан Ландов