(ВИДЕО) Фалат 40 килограми марихуана – Претрес кај фирми одгледувачи на канабис за медицински цели

Од:

Полицијата изврши претрес во две фирми за одгледување канабис за медицински цели. Констатирани повеќе неправилности, кај една од нив недостасувале 40 килограми марихуана. Најавени се и кривични пријави.

„На 19.07.2023, врз основа на судска наредба, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дорга, оружје и опасни материи, Единица за недозволена трговија во координација со ОВР Неготино и членови на Комисија за оценување на исполнетост на условите по однос на простор, опрема и кадар за одгледување на канабис за медицински цели при Министерството за здравство извршиле претрес во простории на две правни лица во Неготино овластени за одгледување канабис за медицински цели.

При претрес во едното правно лице било констатирано дека од четири реколти недостасуваат околу 40 килограми од канабис, како и низа неправилности со кои правното лице постапувало спротивно на член 62, член 29-Д, член 29-Г и член  95-В од Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции.

Додека, при претресот во другото правно лице бил пронајден сув цвет од канабис за кој било доставено известување до комисијата, сув цвет за кој допвра ќе се достави документација до комисијата, а биле констатирани и повеќе неправилности со кои правното лице постапувало спротивно на членовите 29-Г, 29-Д и 29-Ѓ од Законот за контрола на опојни дроги.„ велат од МВР

По целосно докумнетирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против правните и одговорните лица ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Би можело да ве интересира

Си рекламирале чаеви лажно користејќи имиња на лекари – Кривична за фирма и директорот

Анита Петровска Рајковиќ

Кривична за полицаец од Арачиново – седум месеци исплаќал плата на колега кој не доаѓал на работа

А1он

Кривична за маж кој со автоматска пушка пукал на свадба во велешко

А1он

Претреси во струмичко: Приведени четворица дилери на хероин и кокаин

Орце Костов

Кривична против 18-годишник и малолетник: Запалиле угостителски објект во Стара Чаршија

Орце Костов

Претрес во Ѓорче Петров, пронајдена дрога, приведен дилер

А1он