Владата не го чепка сопствениот луксуз, ама зема од најранливите, велат од Левица

Од:

Последното скандалозно намалување на посебниот додаток за лицата со попреченост предизвика бурни реакции и оправдан револт кај граѓаните. Наместо предвидените 7.300 денари, државата во април исплати само 6.500 денари, а во мај уште помалку – 5.800 денари. Ова е срамно и понижувачко, велат од Левица.

„Но, тоа не е сè! Намалувања има и кај социјалната помош, детскиот и образовниот додаток. Овие кратења ги засегаат најранливите семејства и деца, кои и онака се борат со сиромаштија. Јавно прашуваме дали Владата ќе се откаже од скапи апетисани, морски плодови и аспарагус на сметка на социјалните трансфери? Или пак, и натаму ќе се расфрлаат со буџетски пари за луксузирања додека народот гладува?

Ова е уште еден доказ за целосната отуѓеност на оваа ненародна власт! Наместо да ги скрати непродуктивните трошоци и да покаже солидарност, таа крати од оние на кои најмногу им е потребна поддршка. Ваквото однесување е срамно, нечовечно и мора веднаш да престане. Бараме итно зголемување и исплата на целосниот износ на сите социјални надоместоци, како и транспарентна и одговорна распределба на јавните средства, нагласуваат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Под притисок од јавноста Орце Ѓорѓиевски се повлече од наплата на паркинг на аеродромци

А1он

Левица: Со контроверзниот Фејзиу ДПМНЕ капитулира пред ВРЕДИ и за чествување на историски ликови

Левица: Николоски и ДПМНЕ од петни жили ја бранат урбанистичката мафија

А1он

Левица: „Право на војна” – вмровските кадри во МНР до апсурд ја правдаат агресијата врз Иран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Мециновиќ кон Николоски: Ќе го претворите народот во киријаши додека олигархијата гради и профитира

Левица: Предлози за крај на дискриминаторската социјална политика и здравствена заштита за сите