Владата не даде согласност за вработување на 155 медицински сестри во тетовската болница, велат од ДУИ

Од:

Демократската унија за интеграција изразува длабока загриженост и револт поради одлуката на актуелната влада ВМРО–ВРЕДИ да не даде согласност за засновање на постојан работен однос на 155 медицински сестри во клиничката болница во Тетово – професионалистки, мајки и столбови на стотици семејства, кои со години посветено им служат на пациентите и на јавното здравство на државата. Таквата одлука не е само неправедна и политички мотивирана, туку содржи и елементи на отворена етничка и родова дискриминација. Наместо да се вреднува професионалноста на овие вработени, од кои многу беа во првите редови за време на пандемијата, тие беа игнорирани на нај недостоинствен можен начин, велат од ДУИ.

„ДУИ, како државотворна партија што со години вложува во изградбата на правичен и еднаков систем за сите граѓани на Северна Македонија, ја смета оваа одлука за опасен преседан кој сериозно го нарушува довербата во институциите, ги поткопува темелите на соживотот и ја враќа исклучувачката логика од минатото.

Неприфатливо е во држава што стреми кон членство во Европската Унија, со еден потпис да бидат исклучени 155 мајки и сестри, како резултат на затворен, партиски и слеп пристап кон општествената реалност.

ДУИ бара итно повлекување на оваа одлука и враќање на медицинските сестри на нивните работни места, со постојан работен однос.

Актуелната влада мора да разбере дека играњето со судбината на луѓето и со достоинството на жената нема да помине без политички последици. Молкот повеќе не е опција. Граѓанската реакција е неизбежна – и таа ќе биде масовна, праведна и насочена кон заштита на еднаквоста, достоинството и правото на работа во сопствената земја, без страв и без исклучување, нагласуваат од партијата.

Би можело да ве интересира

Владината прес-служба тврди: Лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на премиерот Мицкоски патувало до Хрватска со владиниот авион

Горан Наумовски

Владата ги утврди новите амбасадори – Муртезани заминува во НАТО, Ефремов во Софија

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски

Последна блокада на ССМ пред Владата во барање за зголемување на платите

Горан Наумовски

Вреди: ДУИ да побара Албанија да го екстрадира Артан Груби

Бизарен случај во Тетово: „Почината“ жена во декември родила дете

Катерина Ѓуровски