А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: Мери Јордановска
Македонија

Владата набавува прочистувачи за воздух за 34 илјади евра

by Мери Јордановска08/11/2019 - 12:5608/11/2019 - 13:30757
Share0

Додека државата се соочува со екстремна загаденост на воздухот, а само врнежите ја симнуваат Македонија подолу на листата на најзагадени градови во светот, Владата набавува прочистувачи за воздух за да ги штити јавните објекти од загаденоста.

Следете a1on на Instagram Instagram

На Бирото за јавни набавки објавен е оглас со кое Владата набавува 190 прочистувачи за јавни објекти за околу 34 илјади евра, што значи дека еден прочистувач ќе чини околу 180 евра.

Во огласот се бара прочистувачите да бидат и со филтер со активен јаглен, светлосен сензор, минимум три брзини на работа, панел на допир и гаранција од минимум две години. Понудите за прочистувачи фирмите треба да ги достават најдоцна до 15 ноември.

Во огласот не е наведено за кои „јавни објекти“ станува збор, односно дали се за градинки, училишта, други институции или за по некој министерски кабинет и просториите во Владата.

Следете a1on на Youtube YouTube

Алијансата за Албанците минатата недела излезе со критики за распишувањето на огласи за јавни набавки во Владата за апарати за прочистување на воздухот во просториите на јавните институции. Според нив, власта предност му дава на здравјето на функционерите, наместо парите да се наменат за спроведување на долгорочни мерки против загадениот воздух.

Минатата година, Министерството за животна средина – институцијата која е најодговорна за справување со проблемот на загадувањети, набави прочистувачи за воздух за 150 илјади евра и се обврза истите да ги  испорача по градинки, специјални болници и институти.

javni nabavkiprocistuvacivladazagaduvanje

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски10/09/2026 - 09:1110/09/2026 - 09:45

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

Горан Наумовски09/09/2026 - 13:28

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски08/09/2026 - 14:1608/09/2026 - 15:12

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски06/09/2026 - 12:3006/09/2026 - 12:33

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

Горан Наумовски06/09/2026 - 12:12

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски06/09/2026 - 11:3906/09/2026 - 11:47
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео