Владата на Заев продолжува да функционира, Џафери констатираше дека нема кворум за да се гласа недоверба

Од:

На 20 минути пред полноќ, претседателот на Собранието Талат Џафери констатираше дека нема кворум за гласање на прашањето за доверба на Владата.

На седницата се појавија дел од министрите од владината коалиција, како и лидерот на СДСМ Зоран Заев, додека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ пред два часа го напуштија Собранието.

На Владата не ѝ е изгласана недоверба и таа продолжува да работи во полн состав, констатираше Џафери.

„Со оглед дека немаме кворум за целта за кое беше поставено ова прашање, не може да има дебата за изгласување доверба на Владата. Не ни останува ништо друго освен да констатираме дека на Владата не ѝ е изгласана недоверба и таа продолжува со полн состав и должностите што ги има. Предвидената материја за оваа седница е исцрпена и констатирам дека седницата е завршена“, рече Џафери.

По ова, присутните претставници од владината коалиција станаа и си честитаа.

Александар Николоски, пратеник и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ пред да си замине од Собранието побара брзи и предвремени избори во најкус можен рок, откако денеска воопшто не започна дебатата за гласање доверба на Владата, со оглед на тоа што пратеникот на БЕСА, Кастриот Реџепи, не се појави во Собранието. Од БЕСА, но и од ВМРО-ДПМНЕ се убедени дека Реџепи е киднапиран и дека под присила ја дал изјавата објавена на Фејсбук, дека е добар и дека се наоѓа на сигурно место.

Без Реџепи, опозицијата не успеа да собере 61 пратеник со цел да се изгласа недоверба во Владата.

Во наредните три месеци не може да се поднесува нова иницијатива по прашањето за гласање доверба на Владата.

Би можело да ве интересира

Мемов за А1он: Во ЗНАМ не се водиме од тоа кој ќе биде пратеник, личните незадоволства се приватна работа

По претседателката Новак, оставка поднесе и унгарска пратеничка

А1он

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

Орце Костов

Фондот за здравство остана без директор од ДУИ: Фатон Ахмети си поднесе оставка

Орце Костов

Наке Георгиев си поднесе оставка: Уште неизбран во Судски совет сакал да го намести за судија и синот Кирил

Орце Костов