Владата на Бугарија го одобри Договорот за добрососедство со Македонија

Од:

Владата на Република Бугарија на денешната редовна седница го одобри текстот на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Република Македонија, соопшти прес-службата на Владата во Софија.

– Потпишувањето на договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Република Македонија е израз на желбата на Бугарија да изгради модерни добрососедски односи засновани на европските вредности, изјавил премиерот Бојко Борисов за време на денешната седница на Владата.

Тој, како што пренесува БТА, истакнал дека повеќе години неколку бугарски влади од целиот политички спектар биле ангажирани во преговорите потпирајќи се на бугарскиот национален интерес.

Според Борисов, посетата на премиерот на Македонија Зоран Заев на Софија и изразениот став кон заедничката историја е прв чекор во напорите за изградба на нов дух во односите со соседите.

– Европската унија го оцени договорот како прв чекор и нов почеток за развој на европската перспектива на Македонија, додал Борисов.

Според него, со потпишувањето на договорот ќе биде отворена нова страница во односите меѓу двете земји и ќе се востановат односи на искрено пријателство.

Очекуваните резултати од потпишувањето на договорот треба да бидат соработка на билатерален и на меѓународен план, унапредување на транспортните врски и комуникации, издвојување средства за регионални инфраструктурни и прекугранични проекти, како и за олеснување на контактите меѓу граѓаните на двете земји, се наведува во соопштението од прес-службата на бугарската Влада.

Би можело да ве интересира

Владината прес-служба тврди: Лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на премиерот Мицкоски патувало до Хрватска со владиниот авион

Горан Наумовски

Бугарија оди на осми избори за пет години

Катерина Ѓуровски

Владата ги утврди новите амбасадори – Муртезани заминува во НАТО, Ефремов во Софија

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски

Последна блокада на ССМ пред Владата во барање за зголемување на платите

Горан Наумовски

Курти го претстави составот на новата косовска влада, Ненад Рашиќ е предложен и за министер