Владата ќе склучи договор со САД за набавка на лесни оклопни возила за Армијата

Од:

Откако собраниската Комисијата за одбрана и безбедност даде поддршка за набавка на лесни оклопни возила за потребите на Армијата, се очекува Владата на својата наредна седница на 24 декември да го склучи Договорот со американската Администрација, соопшти денеска Министерството за одбрана.

– Договорот се однесува на набавка на 33 лесни оклопни борбени возила наменети за опремување на Лесна пешадиска баталјонска група, која како членка на НАТО ќе је декларираме да биде на располагање на Алијансата. Оваа единица ќе учествува во НАТО операции и нејзината способност ќе биде индикатор за нашата подготвеност да ги преземеме обврските како земја членка, се наведува во соопштението.

Министерството изразува задоволство од „видливата едногласната поддршка“ за информацијата што им ја презентираше на пратениците на Комисијата и генерално за зголемените инвестиции во модернизација на Армијата.

– Притоа од страна на претставници на власта и опозицијата беше искажано задоволство што Армијата ќе добие нова и модерна опрема и што продолжува реализацијата на планот за модернизирањето на одбранбените капацитети на нашата држава. На членовите на Комисијата им беше одржана видео презентација на техничките карактеристики на борбените возила, а претставници на Министерството за одбрана одговорија на сите прашања кои беа предмет на интерес на членовите на Комисијата, се додава во соопштението.

Министерството посочува дека набавката на возилата е само почеток во опремувањето на Лесната пешадиска баталјонска група кое ќе се одвива во две фази, при што во првата фаза која трае од 2019 до 2024 година треба да бидат набавени вкупно 151 возило.

– Лесните оклопни возилата се дел од планот за целосна модернизација на Армијата кој е веќе почнат и ќе се одвива етапно во наредните години. Во таа насока за 2020 година е предвидено околу 20 проценти од буџетот во одбраната да се намени за модернизација на капацитетите.

Министерството за одбрана ги презеде сите чекори модернизацијата да се одвива без застој и согласно усвоениот Долгорочен план за развој на одбранбените способности на нашата земја кој доби поддршка од сите партии во Собранието на Република Северна Македонија. За таа цел веќе две години по ред се зголемува буџетот на одбраната во висина од 0,2 отсто од БДП со цел до 2024 година да го достигне стандардот на НАТО од два проценти од БДП, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Отворен ден на АРМ по повод годишнина од членството на Македонија во НАТО

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Власта да ја стопира набавката од 250 милиони евра за транспортни хеликоптери во изборен период

Отворен ден на Армијата по повод четири години од членството во НАТО и 75 години од формирањето на Алијансата

Армијата за 230 милиони евра ќе се опреми со осум хеликоптери од италијанскиот производител „Леонардо хеликоптерс“

Објавен jавен оглас за прием на 300 нови професионални војници во Армијата

Нови 150 професионални војници во редовите Армијата добија договори