Владата ќе плати десет милиони евра повеќе за безбедност на интернет: Избрана компанија која не понудила најниска цена

Од:

Во следните три години, Владата ќе плати околу десет милиони евра повеќе за сајбер безбедност на институциите.

Компанијата „Аитоникс“ која и досега имаше договор со Владата и во следните три години ќе ги обезбедува лиценците за софтверот на институциите, но овој пат цената ќе биде повисока.

Генералниот секретеријат на Владата склучи договор за софтверски лиценци со друштвото за производство, трговија и услуги, „Аитоникс“ од Скопје. Истиот е објавен во системот за јавни набавки и е со вредност од 24,7 милиони евра со вклучен ДДВ односно 1.520.343.083 денари.

Овој пат најниската понуда не била релевантна при одлучувањето на тендерот иако била главен критериум. Најниската понуда изнесувала 21.191.062 евра, а највисоката 26.538.958 евра.

Според податоците од системот за јавни набавки, на тендерот учествувале уште две компании „Комтрејд“ од Скопје и „Телелинк бизнис сервис“ исто така од Скопје.

Претходно Владата имаше договор со истата компанија со вредност од 15 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

Левица: Сомнителни тендери во МАНУ под вмровска контрола – над четирипати повисока цена за дезинфекција, дезинсекција и дератизација

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата