Владата ќе ги награди пожарникарите со 10 илјади денари

Од:

Владата на денешната седница одлучи да ги награди сите пожарникари вклучени во гаснењето на пожарот кој го зафати Кочани и околината со 10 илјади денари.

„Наградата од 10.000 денари е во знак на благодарност за демонстрираната храброст, професионалност и пожртвуваност во мисијата да се спасат животи и да се зачуваат природните ресурси на татковината.
Нивната пожртвуваност и професионалност нема да останат заборавени. Уште еднаш сакам да изразам благодарност кон сите професионалци, волонтери, граѓани и институции кои несебично учествуваа во безмилосната борба со огнот и да порачам дека мораме да останеме тука едни за други секогаш кога е потребно“, вели Љупчо Николовски, вицепремиер за борба против корупцијата.

Би можело да ве интересира

ЦУК: Од вкупно 22 пожари денес, само пет се активни

ЦУК: Од девет регистрирани пожари, четири се активни

ЦУК: Од вкупно 29 пожари во изминатите 24 часа, само три се активни

Горан Наумовски

Локализиран е пожарот во близина на Римскиот аквадукт кај Скопје, при гаснењето дошло до инцидент, па реагирала и полицијата

Горан Наумовски

ЦУК: Со денови гори букова шума на Кожуф

ЦУК: Пламна голем пожар во атарот на скопското село Батинци