А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Владата ја одржа 43-тата седница, донесени одлуки за Стратегијата за тутун и Дојранското Езеро

by А1он02/02/2021 - 20:4802/02/2021 - 22:24595
Share0

Владата на Република Северна Македонија на денешната 43 редовна седница ја разгледа и усвои Стратегијата за производство на тутун за период 2021-2027 година, со акционен план.

Следете a1on на Instagram Instagram

Меѓу целите на седумгодишната стратегија за производство на тутун како посебно се издвоени: државната помош на земјоделските стопанства кои се занимаваат со тутунско производство; поддршката на доходот на земјоделските стопанства; политиките за рамномерен и одржлив развој во тутунопроизводните региони; и поддршката за формирање на организации на производители.

На оваа своја седница, Владата ја разгледа и усвои Информацијата за потребните средства за воспоставување на регионален систем за управување со отпад во Југоисточниот, Вардарскиот, Пелагонискиот, Југозападниот и Полошкиот регион и ги задолжи Министерството за финансии во соработка Министерството за животна средина и просторно планирање да започнат постапка за обезбедување на заем од меѓународни финансиски организации за воспоставување на регионални системи за управување со отпад во овие региони.

На денешната седница Владата ја разгледа и усвои Информацијата за состојбата на Хидросистемот „Дојранско Езеро“, вклучително со информацијата за можноста хидросистемот да се пренесе на управување на институција што ќе може да го управува на технички и економски одржлив начин.

Следете a1on на Youtube YouTube

Со заклучок на Владата, Министерството за животна средина и просторно планирање е задолжено, во соработка со ЈП Колекторски системи Скопје, да подготват рекапитулар на капитални и оперативни трошоци за санација и работење на Хидросистемот „Дојранско Езеро“ и да го достават до Владата на РСМ до крајот на февруари 2021 година, за да се утврдат неопходните чекори за санација на Хидросистемот “Дојранско Езеро“.

Владата денеска ја разгледа и усвои Информацијата за преземените активности за редовно користење на Системот за собирање и обработка на статистички податоци за превенција и репресија на корупција и перење пари, и ги задолжи Министерството за внатрешни работи, Министерството за внатрешни работи-Биро за јавна безбедност, Министерството за финансии-Управа за финансиска полиција, Министерството за финансии – Царинска управа, Министерството за финансии – Управа за јавни приходи и Министерството за финансии – Управа за финансиско разузнавање, најдоцна до 1 март 2021 година, во веб-апликацијата „Систем за собирање и обработка на статистички податоци за превенција и репресија на корупција и перење пари“, да ги внесат односно ажурираат внесените податоци за сите кривични пријави односно извештаи за случаи на корупција и перење пари доставени до основните јавни обвинителства во периодот јануари 2019 година – декември 2020 година, за целосен увид во статистички податоци за превенција и репресија на корупција и перење пари.

На оваа седница Владата донесе одлука за давање согласност на Програмата за работа на Агенцијата за енергетика на Република Северна Македонија за 2021 година, донесена од Управниот одбор на агенцијата, според која во текот на оваа година ова тело ќе го поддржува спроведувањето на енергетската политика на Владата преку учество во подготовка на енергетски стратегии, развојни планови и програми за поттикнување на енергетската ефикасност и за создавање услови за поголемо користење на обновливи извори на енергија.

dojransko ezerotutunvlada

Би можело да ве интересира

Нови правила за игрите на среќа: Казината 500 метри од училишта, забрана за апарати во обложувалници

Горан Наумовски12/05/2026 - 19:2412/05/2026 - 19:26

Именувана е новата унгарска влада

Горан Наумовски12/05/2026 - 17:22

Левица: Економската приказна на Владата се распаѓа – ни ребаланс не го спасува буџетот

Горан Наумовски11/05/2026 - 14:3811/05/2026 - 15:01

Влада: Попустот на горивата продолжува до 18 мај

Горан Наумовски30/04/2026 - 20:53

Течниот нафтен гас намален за пет денари за литар

Катерина Ѓуровски23/04/2026 - 13:3323/04/2026 - 14:01

Продолжува мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати, Владата очекува намалување на малопродажните цени

Предраг Петровиќ18/04/2026 - 15:56
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто