Владата и МОН молчат за средба со студентите

Од:

Ниту од Владата ниту, пак, од Министерството за образование и наука денеска не одговараа на телефонските повици. По вчерашните протести на студентите и по барањето на „Студентски пленум“, досега нема стигнато ниту соопштение ниту, пак, какво било известување за можна средба со студентите, пренесе Мета.

Стефан Видиков од „Студентски пленум“ вели дека ни тие досега не добиле одговор на поканите за средби. Тој вели дека нема да се откажат и ќе протестираат сè додека Владата и МОН не се согласат да се сретнат со нив. Следен чекор на пленумот ќе биде трибината, која ќе се одржи утре.

– Темата на трибината ќе биде „Честите измени на законот – причина за лошиот квалитет на високото образование“. Ќе зборуваат професорите Билјана Ванковска, Небојша Вилиќ, Маја Бојаџиевска, Љубомир Цуцуловски и Дана Прелиќ, а потоа сите присутни ќе можат да поставуваат прашања. Поканивме професори кои се за и против државниот испит и ако успееме да ја аргументираме тезата дека реформите се причина за лошиот квалитет на образованието, тоа значи дека Владата е еден од главните виновници за оваа состојба. Сите заклучоци од трибината ќе ги објавиме, а ако институциите не прифатат да се сретнат со нас, ќе продолжиме да протестираме – вели Видиков.

Би можело да ве интересира

МОН: Наставата наместо во саботи ќе се надомести во работни денови

МОН не го послуша Советот на Општина Велес: Скрати македонска паралелка во гимназијата

Орце Костов

До крај на година ќе се учи секоја сабота: Неработните денови за учениците преку ноќ станаа работни

Орце Костов

МОН: Не укинуваме паралелка на македонски јазик во велешката гимназија

Орце Костов

Нема евиденција дали 140 денари за оброк завршиле кај студентите, МОН исплаќал пари без утврдени легла во домовите, покажа ревизијата

Орце Костов

МОН за протестот на универзитетите: Ако постои волја во Собранието за колективен договор, ние ќе учествуваме во преговорите