Владата го предлага Љубомир Јовески за државен јавен обвинител

Од:

Владата на Република Македонија на денешната седница донесе заклучок да му предложи на Собранието за државен јавен обвинител да го именува Љубомир Јовески, член на Советот на јавните обвинители на Република Македонија.

Владата оваа одлука, како што соопшти владината прес-служба, освен врз основа на професионалната биографија на Љубомир Јовески, ја донесе и врз основа на позитивното мислење на Советот на јавните обвинители.

Јавниот обвинител на Република Македонија се избира за време од шест години, а изборот го вршат пратениците со просто мнозинство.

Би можело да ве интересира

Раководителка на штедилница во Кавадарци осомничена за проневери и злоупотреби на парични средства од граѓани

Фиктивни долгови, фалсификувани потписи и изнуда: Истрага против четири лица, нотар осомничен за несовесно работење

Горан Наумовски

Обвинителството бара притвор за две лица вработени на Универзитетот “Гоце Делчев” во Штип

Горан Наумовски

Скопското ОЈО ќе бара нов 48-часовен притвор за четворицата осомничени за разбојништвата со смртни последици во Скопје

Предраг Петровиќ

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

Кој ќе биде новиот шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција

Предраг Петровиќ