Владата ги поништи сите одлуки на министрите од СДСМ

Од:

Владата на Република Македонија за спроведување на изборите попладнево соопшти дека донела одлука да бидат поништени правни акти на министрите за внатрешни работи и за труд и социјална политика донесени во периодот од 11 ноември 2015 до 7 април годинава.

Во соопштението од Владата се наведува дека овие правни акти се противзаконски и еднострано донесени бидејќи при нивното донесување министрите не ги почитувале законите, односно не ги донеле актите во согласност со дополнителниот заменик министер и на документите нема потпис од дополнителниот заменик министер.

– Одлучувањето на Владата е направено врз основа на Законот за Владата во законска постапка. Согласно член 30 став 2 од Законот за Владата, Владата има право и должност да укине или поништи пропис или друг акт на министерствата, органите на државната управа и управните организации кој не е во согласност со Уставот, законот или друг пропис на Собранието, односно пропис на Владата, и врз основа на овој член Владата дејствуваше. Врз основа на официјални информации и акти кои беа доставени и разгледувани во законска процедура, беше констатирано дека министрите за внатрешни работи и за труд и социјална политика, со противзаконски и еднострано донесените акти ги повредиле и работеле спротивно на членот 46 ставовите 2 и 3 од Законот за Владата, а во врска со членот 47 од Законот за Владата, се појаснува во соопштението.

Владата наложи во Министерството за внатрешни работи и во Министерството за труд и социјална политика да се воспостави претходната состојба каква што била пред донесувањето на овие акти.

Би можело да ве интересира

Владата бара итно мислење од Венецијанската комисија за предложениот модел на правосудниот испит

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата