Владата донесе протокол за настани во услови на пандемија на кои се присутни медиумите

Од:

Владата на Република Северна Македонија на денешната 25-та седница го донесе Протоколот за одржување настани со медиумско присуство во услови на пандемија предизвикана од коронавирусот.
Овој протокол, како што соопшти владината прес-служба, го уредува медиумското присуство на јавни настани, односно обврските кои организаторот треба да ги преземе за да обезбеди безбедна и непречена работа на медиумските работници, а воедно и на сите присутни.
Содржи два дела, општи генерални насоки кои се однесуваат на сите јавни настани на кои организаторот предвидува медиумско присуство, и посебен дел кој се однесува на настани кои се во организација на владини институции, односно на истите има присуство на владини претставници.

Протоколот за одржување настани со медиумско присуство во услови на пандемија предизвикана од коронавирусот е изготвен во координација со Комисијата за заразни болести, со Здружението на новинарите на Македонија и Самостојниот синдикат на новинарите на Mакедонија и во консултација со Министерствата и другите ресори во состав на Владата, се додава во соопштението.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма