Влада: Не се вистинити наводите на СДСМ и на ДУИ за работата на Министерството за животна средина

Од:

Владата соопшти дека ги проверила и ги отфрлила како неточни наводите изнесени од СДСМ и ДУИ во врска со работата на Министерството за животна средина и просторно планирање.

-Владата ги провери и затоа ги отфрла шпекулациите и неточните наводи изнесени од СДСМ и ДУИ во врска со работата на Министерството за животна средина и просторно планирање. Инспекцискиот надзор спроведен од Управниот инспекторат се однесува на аспекти на архивското работење и не утврдил незаконско постапување. Оваа административна пракса на работа е воспоставена уште во 2017 година и континуирано се применувала под раководство на министри од СДСМ и ДУИ во претходните влади. Ако по логиката на Кузеска тоа е прекршување на законите, тогаш значи дека законот бил прекршен од Владата на СДСМ и ДУИ, стои во соопштението од владината прес-служба.

Воедно, се додава дека Владата останува посветена на транспарентноста и ги повикува сите заинтересирани страни на увид во документацијата за целосно и точно информирање на јавноста како и што повика Министерството за животна средина и просторно планирање.

-Остануваме посветени на законито и професионално работење во интерес на граѓаните, наведуваат од Владата.

Претходно денеска портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска достави документите во Владата до премиерот Христијан Мицкоски во врска со нивните тврдења за сомнежите дека постои корупција и неправилности во работата на првиот вицепремиер Изет Меџити. Таа при тоа приложи документи според кои наводно во Министерството за животна средина бил поставен систем за потпис и одлучување спротивно на законите и административните процедури што, кажа, остава сомнеж за корупција и за мито. Во изјавата за медиуми пред доставување на документите, таа рече дека од партијата очекуваат премиерот во најбрз можен рок да ги разгледа и да ги повика надлежните институции да реагираат.

Во исто време изјава за медиуми даде и првиот вицепремиер и министер за животна средина Меџити кој доставувањето на документите до Влада го оцени како обид на опозициската СДСМ да ја продолжат приказната и порача дека не може административна или архивска работа да се прикаже како голем скандал. Тој при тоа забележа дека вакви тврдења имало од ДУИ, а сега и од СДСМ, кои според него, одат по нивна памет и се гледа дека се синхронизирани во нападите.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

(ВИДЕО) Филипче на Свети Трифун: Власта ги остави лозарите без поддршка

А1он

СДСМ: Сите молчат – овој гласен молк е најсилна потврда дека нарко скандалот води до врвот на Владата на Мицкоски

А1он

(ВИДЕО) Димитриевски: Владата на Мицкоски им ги скрати субвенциите на земјоделите за огромни 40 милиони евра

СДСМ: Советник на Мицкоски за нов уставен судија – толку од независноста на судството

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски