Влада: Макрадули нов член на управниот одбор на „Македонски пошти“

Од:

Владата на Република Северна Македонијa на денешната седница заклучи да му препорача на Надзорниот одбор на Акционерско друштво за поштенски сообраќај „Пошта на Северна Македонија“ во државна сопственост–Скопје за член на Управниот одбор на АД „Пошта на Северна Македонија“ во државна сопственост–Скопје да го избере Јани Макрадули информираат од прес службата.

На седницата беа донесни и повеќе други кардровски решенија.

– Јасна Дуковска-Јегени ја именуваше за член на Советот за унапредување и надзор на ревизијата на Република Северна Македонија–овластен ревизор.

– Дениз Исмаили го разреши од должноста в.д. директор на Управата за наменско производство.

– Емил Димитровски го именува за в.д. директор на Управата за наменско производство.

– Митко Крстевски го разреши од должноста директор на Управата за семе и саден материјал.

– Лутфи Акики го именуваше за директор на Управата за семе и саден материјал.

Владата на денешната седница ја прифати оставката на Бајрам Ѓулиовски и го разреши од должноста в.д. заменик на директорот во Агенцијата за стоковни резерви, на негово барање.

Кети Смилевска ја именуваше за в.д. заменик на директорот во Агенцијата за стоковни резерви.

Владата донесе Одлука за давање на претходна согласност на Управниот одбор на Фондот за иновации и технолошки развој, да го разреши Јован Деспотовски од должноста директор на Фондот за иновации и технолошки развој, на негово барање.

Владата ја прифати оставката на Александар Младеновски и го разреши од должноста директор на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони, на негово барање и го разреши Никола Шалваринов од должноста директор на Агенцијата за иселеништво. На денешната седница беа донесени и одлуки за именување на Слободан Близнаковски за директор на Агенцијата за иселеништво и Иљми Селами за в.д. заменик на директорот во Државниот завод за статистика.

Би можело да ве интересира

Штрајкот на Пошта во мирување, се чека Владата за помирувачот да закаже состанок со новиот министер

Анита Петровска Рајковиќ

Поскапени поштенските и курирските услуги

Вработените во Пошта протестираат: Не знаеме кога ќе земеме плата, 2000 вработени ќе останеме на улица

A1on

Еден шеф на еден работник во Пошта: Поштари нема, но администрацијата е преполна

A1on

Двочасовен протест утре во националната Пошта

Горан Наумовски

„Купувајте загубени пратки за само 123 денари!“: На интернет си поигруваат со АД Пошта

A1on