А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Влада: Да се прочисти Избирачкиот список што побргу

by А1он30/10/2012 - 17:56234
Share0

Владата на Република Македонија ги изразува своето незадоволство и протест до Државната изборна комисија заради бавноста и недоволната посветеност во процесот на прочистување на Избирачкиот список.

Следете a1on на Instagram Instagram

Незадоволството Владата го изразува во денешното соопштение по одржаната седница на која го разгледа степенот на прогрес во реализацијата на целите и активностите утврдени во Патоказот за реализација на приоритетните цели за 2012 година, усвоени во рамки на Пристапниот дијалог на високо ниво помеѓу Република Македонија и Европската Унија.

Во делот на исполнување на обврските од сферата на реформа на изборното законодавство, Владата увиде дека Државната изборна комисија ненавремено ги реализира преземените и ветени за исполнување обврски и активности кои се во нејзина надлежност, а кои се однесуваат на прочистувањето на Избирачкиот список, односно не се придржува кон роковите предвидени во Патоказот.

– Владата смета дека кон едно вакво значајно прашање Државната изборна комисија треба да се однесува поодговорно, со зголемено внимание и со силна динамика и интензитет во постапувањето, ефикасно и ефективно, се посочува во соопштението.

Следете a1on на Youtube YouTube

Во оваа насока, Владата упатува апел до претседателот на Државната изборна комисија, Борис Кондарко, за забрзување на активностите и постапувањата во однос на прочистување на Избирачкиот список.

dik

Би можело да ве интересира

Голем пропуст во ДИК: Ревизорите открија милионски пренасочувања

Горан Наумовски24/03/2026 - 10:46

Новиот состав на ДИК положи свечена изјава пред претседателот на Собранието

Горан Наумовски29/01/2026 - 15:14

Маричиќ e нов претседател на Државната изборна комисија

Горан Наумовски28/01/2026 - 12:23

Бојан Маричиќ предложен за претседател на новиот состав на ДИК

Горан Наумовски21/01/2026 - 15:14

(ВИДЕО) Првичен изборен пресек: ДИК ги соопшти неофицијалните резултати во четирите општини

Горан Наумовски11/01/2026 - 21:5611/01/2026 - 21:56

ДИК: Одѕивот на повторените локални избори во четири општини до 18.30 часот изнесува 28,07 отсто

Горан Наумовски11/01/2026 - 19:41
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто