Вкупно четириесетина ученици поднеле барање за прием во ученичкиот дом во Куманово

Од:

Вкупно четириесетина ученици од селата од кумановско и од општините Кратово, Крива Паланка и Старо Нагоричане поднеле барање за прием во ученичкиот дом „Професор Мијалковиќ” во Куманово, информираа денеска од образовната установа. Учениците кои се запишале во првиот и вториот уписен рок, ќе се сместат на почетокот на учебната година.

Установата е подготвена за почеток на учебната година за прием и сместување на учениците кои одбрале да учат во една од насоките на петте средни училишта во градот, објаснуваат надлежните.

– Секоја година се намалува бројот на ученици во средните училишта, а со тоа и интересот за прием во ученичкиот дом, изјави, директорката Љубица Павловски.

Условите за изведување на настава и домување ги задовуваат потребите на учениците, оценуваат надлежните. Интернатот располага со библиотека, кабинети и простор за рекреација. Учениците добиваат и поддршка од професори за дополнителна настава по предмети за кои имаат потреба.

Сместувањето на учениците во ученичкиот дом го финансира Министерството за образование. Проектираниот капацитет на „Професор Мијалковиќ” во Куманово е 120 ученици.

Би можело да ве интересира

Десет лица се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе

Трите деца пронајдени на улица се прегледани во болница, случајот го следи Центарот за социјални работи – Куманово

Горан Наумовски

Три деца пронајдени без свест во Куманово, сомнежот е на труење од вдишување лепак

Горан Наумовски

Бебе од Куманово затруено со средство за чистење – заврши во болница

А1он

Зголемен број пациенти со стомачни тегоби во Куманово

Млади кумановци украдоа маси и столови од локал, кражбата ја признаа во полиција

Горан Наумовски