Вкупно 42 лица заразени со коронавирусот, само денеска нови 11

Од:

Министерството за здравство информира дека во рамките на процесот за ран скрининг на заболени од коронавирус кој започна во неколку општини, попладнево се направени 30 тестови со поширока индикација и дополнителни 8 кои пристигнаа преку Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје.

Од 38 тестирани, позитивни на коронавирус се 7 лица, 3 од Дебар и 4 од Скопје, а попладневно веќе беше соопштено за четворица новозаразени.

Со ова, во текот на денешниот ден, регистрирани се вкупно 11 нови случаи на коронавирус, а бројката на заболени од вирусот во земјата, состојба до 21:00 часот, изнесува 42.

Состојбата на сите пациенти, како што велат од Министерството, е стабилна. Двајца од заболените имаат средно изразена пневмонија.

Во моментов, се работат уште 22 теста и тие се во рамките на скринингот. За резултатите од овие тестови, Министерството за здравство ќе информира во текот на утрешниот ден.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче до Мицкоски: Зошто не ги прифаќате мерките на СДСМ коишто навистина ќе дадат ефект?

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски доцна ги прифаќа мерките на СДСМ – граѓаните веќе ја платија цената

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Филипче: Владата ја држи земјата во изолација, а граѓаните во сиромаштија

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Филипче: Цените растат, а наместо мерки – Мицкоски им се потсмева на граѓаните

А1он