А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Вкупно 293 мигранти ја минале вчера македонско-грчка граница

by А1он06/03/2016 - 13:44111
Share0

Македонско – грчката граница вчера ја минале вкупно 293 странски државјани, од кои 72 од машки и 81 од женски пол, како и на 137 деца кои го придружуваат носителот на потврдата и уште три деца кои патуваат без придружба на родител.

Следете a1on на Instagram Instagram

Потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил, како што соопшти МРВ, се издадени на 241 државјанин на Сирија и 52 државјани на Ирак, додека нема издадено потврди на државјани на Авганистан.

Во текот на вчерашниот ден до Секторот за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил, врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Од почетокот на годинава до вчера издадени се потврди на вкупно 89.116 странски државјани, од кои 35.232 се од машки пол, 19.493 се од женски и 34.166 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 225 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил. Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-44.277, Авганистан-26.546 и Ирак-18.290.

Следете a1on на Youtube YouTube

Во истиот период до Секторот за азил барање за признавање на право на азил поднеле 29 лица (22 од Сирија и седум од Авганистан) врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

migranti

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Момче од Мароко низ солзи го молеше шпанскиот војник да не го враќа назад

Предраг Петровиќ04/08/2026 - 17:5404/08/2026 - 17:56

67 мигранти загинаа во хаосот во Сеута

А1он02/08/2026 - 08:36

Вивас: Околу 60.000 мигранти дојдоа во шпанската енклава, а 34 загинаа

Горан Наумовски31/07/2026 - 14:4731/07/2026 - 14:47

(ВИДЕО) Историски мигрантски бран: За еден ден во Сеута пристигнаа речиси 49.000 лица

Горан Наумовски31/07/2026 - 11:07

(ВИДЕО) Катастрофа во Сеута: Најмалку 18 мигранти загинаа

Горан Наумовски31/07/2026 - 09:08

ВИДЕО: Илјадници мигранти влегоа во Сеута, локалните власти бараат распоредување на војската

Предраг Петровиќ30/07/2026 - 18:01
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео