Вистината за ДУИ: Шефот на кабинетот се почестил со 4 лап-топи и еден таблет

Од:

Во рамките на кампањата „Вистината за ДУИ“, портпаролот на Општина Гостивар, Јасин Демири, на денешната прес-конференција информираше за два случаи на флагрантно кршење на процедурите и за злоупотреба на работите на Општина Гостивар, од страна на шефот на кабинетот на поранешниот градоначалник Невзат Бејта.

„На 18.10.2013 Општина Гостивар се снабдела со Таблет – Aplle iPad во вредност од 42.901 без отворен тендер. Приемот на стоката го потпишал шеф на кабинетот на поранешниот градоначалник со напомена дека таблетот се наоѓа во неговата канцеларија, но тој таблет, истото лице не го предало при напуштање на канцеларијата. Во случајов има две сериозни повреди, односно необјавување на тендер за јавна набавка со вредност повисока од 30.000 и класична кражба на општински ствари“, истакна Демири.

Понатаму тој информираше за друг случај, каде што е направена уште потешка злоупотреба. Поточно станува збор за злоупотреба на средства во износ од 321.300 денари (или над 5000 евра).

„Општина Гостивар на ден 17.10.2013 година се снабдела со 4 лап-топи по поединечна цена од 76500 денари плус ДДВ. Никој досега не ги видел тие лап-топи во општината и не се знае каде завршиле истите. Иако не стои потпис, се знае дека ги примил шефот на кабинетот на поранешниот градоначалник Невзат Бејта“, рече портпаролот на општината.

„За тоа каде завршиле четирите лап-топи и таблетот, ќе треба да даде отчет поранешната раководна структура на Општина Гостивар, и пред општинската администрација и пред истражните органи“, рече на крајот на прес-конференцијата портпаролот Демири.

Би можело да ве интересира

Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар

ДУИ бара независна и непристрасна постапка за случајот со Артан Груби

ДУИ обвинува за директен атак на правосудниот систем

А1он

ДУИ позитивно ја оценува одлуката на Артан Груби да се врати во земјата

Автопатот Гостивар – Кичево ќе биде готов во рокот, до крај на 2029 година

А1он

Вреди: ДУИ да побара Албанија да го екстрадира Артан Груби