Виси дозволата за емитување на „Телеканал А1“ – Агенцијата за медиуми бара да се отвори постапка

Од:

Агенцијата за медиуми предлага да биде биде отворена постапка за одземање на дозволата за телевизиско емитување на регионалната телевизија „Телеканал А1“ од Струмица. Според образлоежнието, телевизијата неколкпати го прекршила Правилникот за минимални технички, просторни, финансиски и кадровски услови за добивање дозвола за радио и телевизиско емитување. Како што пишува во писмениот извештај, анонимно лице до Агенцијата за медиуми пријавило дека телевизијата не ги исполнува минималните кадровски услови за да ја задржи дозволата за работа.

Агенцијата двапати барала од радиодифузерот да достави писмена документација, но оттаму не било одговорено, поради што ААВМУ предлага да биде отворена постапка за да ѝ биде одземена дозволата за емитување. „Телеканал А1“ се емитува на фреквенцијата на поранешната валандовска телевизија „ВТВ“ откако во мај 2013 година поранешниот сопственик Димче Балески ја продаде на фирмата „Емперијан визион“ ДООЕЛ од Скопје.

Според податоците на платформата „МедиаПедиа“, сопственик на „Телеканал А1“ е Емил Парнаџиски, вработен во компјутерскиот оддел на „МЕПСО“, државната компанија за пренос на електрична енергија. Тој го поседува и „ТВ Канал Три“ од Дебар.

Според податоците на платформата, Парнаџиски, двете тогашни локални телевизии ги купил за сума од 35.000 евра. „МедиаПедиа“ објави дека само во еден ден, тројца скопски бизнисмени, меѓу кои и Парнаџиски. купиле шест регионални телевизии, меѓу кои и „Телеканал А1“, во кои нагло почнаа да се појавуваат владини реклами.

В.Маглешов

Би можело да ве интересира

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарни избори 2024

Орце Костов

АВМУ да ја повлече одлуката и донацијата од 5 милиони денари да ја додели во транспарентна постапка, во која ќе учествуваат повеќе медиуми

Горан Наумовски

Трајчевски: АВМУ го тужи МИОА затоа што ни исплати 80.000 евра помалку од законски предвидените

Орце Костов

Директорот на АВМУ добивал закани поради одбиено барање за одземање дозвола

АВМУ со осуда за вербалните закани упатени кон новинари

АВМУ: Медиумите професионално и етички да известуваат за трагични настани, особено ако се вклучени малолетници

Горан Наумовски