Му застаре дело на Мијалков за прислушкувањето, обвинителот побара да се запре постапката

Од:

Пред Апелациониот суд Скопје денеска се одржа јавна седница по повод изјавените жалби на обвинетите по сите основи и на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција по повод изречените кривични санкции и казни, против пресудата на Основниот кривичен суд Скопје во предметот познат во јавноста како „Таргет – Тврдина“.

dobivaj vesti na viber

На седницата, јавниот обвинител од Вишото јавно обвинителство Скопје го презентираше писмениот предлог со кој се предлага сите изјавени жалби да се одбијат, а по повод жалбата на обвинетиот С.М. и по службена должност Апелациониот суд Скопје да ја запре постапката за кривичното дело од член 359 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик поради настапена апсолутна застареност на кривично гонење и следствено на тоа да интервенира во одлуката за казна, додека во останатиот дел пресудата да се потврди, информираат од Обвинителството.​

Би можело да ве интересира

Продолжуваат судењата за „Таргет-Тврдина”, „Титаник“ и „Плацеви на Водно“

Одбиена жалбата на Мијалков за одредениот притвор за „Таргет-Тврдина“

Ана Ололовска

Службеник од УБК пробал да влезе со нож на пресудата за Мијалков

ВИДЕО: За адвокатот на Мијалков казната е драконска, а затворскиот притвор е противзаконски

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) Ленче Ристоска за бегството на Мијалков: Не знам каде бил, задоволни сме од пресудата

Кристијан Ландов

Мијалков оди во Шутка, одреден ефективен притвор поради опасност да избега

Кристијан Ландов