Викторија Нуланд се вклучува во решавање на политичката криза во Македонија

Од:

Жешко политичко лето ја очекува Македонија откако пропадна првиот посериозен бриселски обид ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ да постигнат договор кој требаше да го отвори патот кон постепена нормализација на ситуацијата во земјата преку формирање на преодна Влада, а се очекува во неа да се вклучи и Викторија Нуланд, помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија, пишува Фактор.

Првиот рок за премостување на кризата е до крајот на јуни, а доколку и до тогаш нема решение, вториот ќе биде крај на август, велат доброупатени извори за „Фактор“ кои најавуваат дека во наредните неколку недели ќе се засили притисокот врз клучните политички субјекти.

Како времето ќе минува така притисокот врз премиерот и лидер на ВМРО ДПНЕ Никола Груевски и претседателот на СДСМ Зоран Заев ќе се зголемува, а ќе кулминира во текот на јули кога се очекува во Скопје да допатува американскиот Викторија Нуланд.

Поранешниот потпретседател на СДСМ Гордан Георгиев е загрижен што македонското граѓанство не покажува автохтон капацитет да ја скицира идната (посакувана) поставеност на општеството,туку постојано се “повикува” на надворешни фактори кои ја оневозможуваат таа иднина.

Целиот текст може да го прочитате тука.

Би можело да ве интересира

Филипче: За две години потрошувачката кошничка е покачена за околу 10.000 денари, а платите не мрдаат

(ВИДЕО) Филипче: Тажен почеток на училишната година, 3.000 помалку деца, 433 паралелки помалку, затворени 26 училишта

(ВИДЕО) Кузеска: Под радарот течат матни зделки на Мицкоски за дата-центри, а ВМРО-ОКГ со лаги ги прикрива

Горан Наумовски

СДСМ: Цените се до плафон – мерки од владата на Мицкоски нема

Горан Наумовски

Поповиќ: Одговорност од Тошковски по новиот скандал со фалсификувани возачки дозволи во МВР

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина