Викторија Јовановска останува директорка на Клиниката за Гинекологија

Од:

Поради истекување на мандат во време на предизборниот период Министерството за здравство спреведе конкурси во три јавно здравствени установи за избор на четири директорски места.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби – Скопје по спроведениот конкурс за нов медицински директор избран е д-р Фадил Цана согласно доставените документации.

На Клиниката за гинекологија и акушерство – Скопје по спроведените конкурси мандат добија д-р Викторија Јовановска како медицински директор и Јетон Шаќири како организациски директор.

На Клиниката за психијатрија за медицински директор е назначен проф. д-р Стојан Бајрактаров.

Сите именувани директори на јавно-здравствените установи се стручни во својата област и имаат долгогодишно искуство, велат од Министерството за здравство.

Би можело да ве интересира

Раката на бебето повредено на ГАК е имобилизирана, првична проценка на Комисијата е дека нема стручна грешка

ВМРО-ДПМНЕ: Три скандали на Гинекологија за една недела, никогаш не било полошо

Почина родилка од Делчево на комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје

Горан Наумовски

Акушерка исекла прст на новороденче: Суспендирана е, прстот на бебето ќе биде спасен

Анита Петровска Рајковиќ

Бебето Едон родено со 940 грама си замина дома по 77 дена поминати на ГАК

Заврши операцијата на пријателот на Штекли: Засега е стабилен, но е ставен на машина за дишење

Александар Тодески