• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

„Викиликс“ објави дека Димитров бил доверлив извор на американската амбасада, тој се брани дека му „вадат“ стари информации

by А1он17/12/2018 - 16:4618/12/2018 - 08:14339
Share0

Објавата на тајните документи од страна на Викиликс дека министерот за надворешни работи Никола Димитров дека два пати бил заштитен извор на американската амбасада во 2008, ја брануваше јавноста.

Добивај вести на вибер

Во дел од медиумите и на социјалните мрежи се коментира дека министерот Димитров нанел штета на државата, дека вршел шпионажа за американските служби, односно ЦИА.

Димитар Апасиев член на Левица по објавата на тајните информации, на Фејсбук побара оставка од министерот за надворешни Никола Димитров.

Некои медиуми објавија дека Димитров на овој начин ја изневерил функцијата на која бил поставен и оддал информации кои се важни за билатералните преговори, во времето кога тој беше посредник за спорот со името.

„Макфакс“, побара одговор од Основното јавно обвинителство да ја разреши дилемата во јавноста дали министерот треба да сноси одговорност, односно дали постои основа за отварање предмет по допрен глас. Од таму, за сега нема информации дали обвинувањата на адреса на министерот во јавноста се правно основани.

Инаку, Викиликс објави строго доверливи дипломатски преписки украдени од американските институции, во кои пишува дека Димитров ги информирал Американците за ставовите, во однос на спорот со името на тогашните премиер Никола Груевски и претседател Бранко Црвенковски.

Според Викиликс, Никола Димитров го известувал тогашниот американски амбасадор Филип Рикер за несогласувањата помеѓу Груевски и Црвенковски во врска со предлогот на Нимиц во 2008 година.

Од кабиниетот на министерот, немаше официјална реакција на обвинувањата од Викиликс, но Димитров преку Фејбук статус се брани дека информациите кои му ги “извадиле“ биле со цел да му наштети на договорот од Преспа.

„Деновиве гледам извадиле стари информации објавени во 2010 година кои всушност потврдуваат дека конзистентно сум работел на исполнување на стратешките цели – НАТО и ЕУ членството – и сум комуницирал со САД, нашите стратешки партнери, во функција на остварување на државните интереси на Македонија. Истите партнери што во 2004 година, кога бев амбасадор во Вашингтон, го признаа уставното име на Република Македонија. Фактот што после цели осум години се злоупотребуваат истите информации, со обид за тенденциозна лична дискредитација за да му се наштети на заокружувањето на договорот од Преспа,“, напиша Димитров на Фејсбук.

Габриела Димковиќ-Мишевска

dimitrovvikiliks

Би можело да ве интересира

Западот знаел дека ќе има конфликт поради желбата на Украина да биде членка на НАТО

Горан Наумовски25/02/2025 - 10:0225/02/2025 - 10:30

Димитров: Лага е дека историските прашања не се во рамката, предлогот е апсолутно истиот

Ландов01/07/2022 - 15:22

Османи удри по Димитров: Ти прифати Илинденското востание да се преименува во Илинден-Преображение

Анита Петровска Рајковиќ27/06/2022 - 23:41

Македонски дипломатски синдикат до Димитров: Пустошот што го остави тешко дека ќе можe да се поправи следните неколку години

Ана Ололовска13/01/2022 - 14:5013/01/2022 - 16:31

Милошоски: Неморално e Димитров сега да зборува за можен нов штетен договор со Бугарија

Ана Ололовска13/01/2022 - 12:3813/01/2022 - 13:37

Османи бара фер однос од Димитров: Да им ја обезбедиме европската иднина на граѓаните која предолго само им ја ветуваме

Ана Ололовска12/01/2022 - 14:4312/01/2022 - 14:46
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен