А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Викендов во Скопје 37 сообраќајки

by А1он20/01/2015 - 08:42157
Share0

Во текот на изминатите четири дена на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 37 сообраќајни незгоди.

Добивај вести на вибер

Во петок, на 16 јануари, извршен е увид на вкупно девет сообраќајни незгоди, од нив четири се со последица материјална штета и три се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле шест лица.

Се случиле и две незгоди со последица тешка телесна повреда во кои со тешки телесни повреди се здобиле еден возач на патничко моторно возило и еден патник во автобус, а со телесни повреди се здобиле двајца сопатници.

Во сабота, на 17 јануари, извршен е увид на вкупно 10 сообраќајни незгоди. Од нив, пет се со последица материјална штета и пет се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле шест лица.

Во недела, на 18 јануари, извршен е увид на вкупно седум сообраќајни незгоди. Од нив, три се со последица материјална штета и три се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле три лица.

Случена е и една незгода со последица тешка телесна повреда во која со тешки телесни повреди се здобил еден возач на патничко моторно возило.

Во понеделник, на 19 јануари, извршен е увид на вкупно на 11 сообраќајни незгоди. Од нив шест се со последица материјална штета и пет се со последица телесни повреди во кои со полесни повреди се здобиле осум лица.

Во текот на изминатите четири дена од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 48 возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, 29 возачи не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, од нив 16 возачи со возилото се движеле со брзина поголема од 90 километри на час во населено место. Тројца возачи не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин и 11 возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците.

Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на овие четири дена од страна на сообраќајната полиција отстранети се 96 возило кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Денеска има најава за посебно обезбедување. Од синоќа во тридневна посета на земјава престојува претседателот на Република Албанија Илир Мета поради што од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени мерки за посебно обезбедување, односно обезбедување на апсолутен приоритет на минување на колоната возила под придружба по сообраќајниците низ градот.

Со почеток во 12 часот Здружението на новинари на Македонија ќе организира протест пред Апелациониот суд и пред зградата на Владата на Република Македонија. Со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување. Во зависност од моменталните состојби ќе има и пренасочување на сообраќајот.

skopjesoobrakaj

Би можело да ве интересира

Какви се казните од „Безбеден град“: Поминување на црвено 250 евра и забрана за управување возило до 12 месеци

Предраг Петровиќ26/01/2026 - 15:25

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

Горан Наумовски23/01/2026 - 13:38

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски19/01/2026 - 12:4819/01/2026 - 12:57

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

Горан Наумовски10/01/2026 - 17:54

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он28/12/2025 - 14:48

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка

Горан Наумовски26/12/2025 - 18:02
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен