Викендот издадени 1.209 потврди за намера за поднесување барање за право на азил

Од:

Во текот на викендот, врз основа на измените и дополнувањето на Законот за азил, Министерството за внатрешни работи издаде 1.209 потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил во Република Македонија на странските државјани кои илегално влегле на нашата територија.

Во периодот од 19.06.2015 до 06.07.2015 година во 08.00 часот, соопшти денеска МВР, издадени се потврди на вкупно 8.595 странски државјани, од кои 6.688 се од машки пол, 1.081 се од женски, 790 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 36 деца на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија и тоа 5.911, потоа на Авганистан 743, од Ирак 485, Пакистан 366, од Сомалија 268, Конго 238, од Палестина се 221, додека останатите се во помал број.

До Одделението  за азил, соопшти МВР, се поднесени 13 барања од сиријски државјани за азил, од кои четири за деца.

Би можело да ве интересира

Полска привремено ќе го суспендира правото на азил

A1on

ЕУ постигна договор за промена на системот за азил

Русинката која беше уапсена во Албанија поради шпионажа поднесе барање за азил

Зголемен бројот на баратели на азил во Холандија

А1он

Рекорден број поднесени барања за азил во Германија

ЕУ очекува раст на бројот баратели на азил во државите на Унијата

Ана Ололовска