Вигенин: Нема разијдување со Плевнелиев околу Македонија

Од:

Позицијата на Бугарија во однос на ЕУ-интеграцијата на Македонија не е променета и е усогласена меѓу сите надлежни институции. Нема разијдување меѓу мене и претседателот Плевнелиев по таа тема, изјавил шефот на бугарската дипломатија Кристијан Вигенин на средба со новинари во Парламентот во Софија.

Повторил дека Софија останува на, како што вели, принципиелната позиција за потпишување договор за добрососедство со Македонија.

– Потпишувањето на тој договор е усов за отворање на следните чекори во процесот на евроинтеграција на Македонмија, изјавил Вигенин.

Вели дека работи на создавање поповолна клима во бугарско-македонските односи, што ќе ги олесни преговорите за договорот за добрососедство.

– Ги информирав македонските колеги дека Бугарија е подготвена да ја забрза работата околу договорот. Сега е ред на македонската страна да го покани бугарскиот преговарачки тим, рекол Вигенин.

Направени се промени во составот на преговарачкиот тим, со кој раководи бугарскиот амбасадор во Скопје Иван Петков, кој според Вигенин, добро ја познавал Македонија и има доволно дипломатско искуство.

Би можело да ве интересира

Пирц Мусар: Проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан претставува стратешка инвестиција во мирот

А1он

„Ханделсблат“: Потпирањето на Киев врз помошта од ЕУ нема да го спречи мирот под условите на Русија

ЕУ: Украина напредува кон членство во ЕУ и покрај војната

(ВИДЕО) Мицкоски: Подобар извештај од ЕК, нема констатации за назадување – остануваат политичките услови за ЕУ

Горан Наумовски

Каја Калас: Пакетот за проширување испраќа јасна порака – реформите даваат резултати

Тошковски: Жалам што Бугарија станува заштитник на осомничени и осудени криминалци