ВИДЕО: Лустрацијата е полоша од инквизицијата, Аџиев е дилетант во правото

Од:

Лустрацијата во Македонија е полоша од инквизицијата, таа е неправедна, нехумана и задоцнета, со ова се согласија учесниците на промоцијата на публикацијата „Македонска лустрација, настани, изјави, наслови“, промовирана во рамките на одбележувањето на 20-годишнината на Фондацијата Отворено Општество.

На трибината беа присутни и поранешни и сегашни разузнавачи и министри за внатрешни работи, луѓе кои директно на своја кожа го почувствуваа лустрацискиот меч, новинари, поранешни обвинители, дел од Лустрациската комисија.

Но не дојдоа и најповиканите, претстваници на власта кои сами без консензус , ги изгласаа измените на Законот за лустрација. Не дојде да ги чуе и жестоките критики на негова сметка Томе Аџиев, претседател на комисијата.

„Кој ќе ми гарантира дека сега нема да се изврши атентат врз мене“, праша Мустафа Спахиу, долгогодишен новинар во Македонското радио, човек за кој лустрациска оцени дека бил кодош.

„Кој ќе одговара праша дека жена ми е на смрт, кој ќе одговара за смртта на новинарот на Македонска телевизија, Хисен Шаќири, чиј образ се обидоа да го извалкаат со објавувањето дека кодошел. Дали треба жолта лента да носам? Јас не сум кодош, јас сум чесен човек“, рече видно вознемирен Спахиу. Праша каде е најголемиот албанофоб Томе Аџиев.

Поранешниот претседател на Уставниот суд Трендафил Ивановски, рече дека лустрацијата е одмазда.

„Уставниот суд е самоцензуриран. Лекцијата е научена, затоа сега има само два случаи каде судот интервенирал, за разлика од поранешната ситуација, кога и по 73 одлуки се укинувале. Се расчистува со сите кои не мислат како власта“, рече Трендафилов.

Ана Павловска Данева укажа дека има Закон за лустрација кој е правна нула, неговите одлуки се ништовни бидејќи се потпишани од човек кому, пред речиси 3 години му е истечен мандатот.

„Аџиев е дилетант во правото“, рече Данева.

За Иван Бабамовски лустрацијата е полоша од инквизицијата и ова е време-невреме за Македонија.

Александар Диневски оцени дека имаме ретрограден процес, а Горан Софески од Министерството за одбрана ги праша колегите кои работат во разузнавање дали свечена обврска даваат на шефовите или на граѓаните.

Професорката Ванковска укажа дека со исправање на една се прави полоша неправда, а Јанко Бачев дека ова што се прави е перверзно, побара фарсата да престане, а партиите процесот на лустрација да го прогласат за неуспешен.

Чедомир Дамјановски, член на Комисијата, побара неуставните одредби од сегашниот закон да се тргнат, според него основната идеа за лустрација сега е изместена.

Овој закон, рече Стојан Андов, иницијаторот на првиот, е без консензус. Соочувањето со минатотот, рече, вака не оди.

Според  Жарко Трајановски, комисијата обработува луѓе кои биле следени, соработници на луѓе кои немале псевдоним, воопшто не е јасно дали се лица кои се обработувани или се соработнички досиеја комисијата нема директен увид во регистрите за соработници на службите, и тие сеуште остануваат како класифицирана информација, дури и тие што се однесуваат до 1991 година.

„Еден од клучните услови е да се има пристап до досиејата до 1991 година, без такво нешто нема никакви претпоставки за лустрација. Подеднаков пристап освен Комисијата, треба да ја имаат не само жртвите туку и тие кои се посочени за соработници.

„Наспроти очекувањата дека лустрацијата ќе биде инструмент на транзициска правда стана инструмент за манипулација и компромитација. Медиумски се манипулираше дека е инструмент на транзициска правда, а немама ниеден инструмент за рехабилитација на жртвите. Имаме и ситуација да прашаме каде се жртвите од Голи Оток, зашто еден од пишувачите на законот јавно ги обвини дека 90 проценети од нив биле информатори на Службите на државна безбедност. Самиот факт дека ги нема жртвите во овој процес покажува дека нешто не е во ред со овој процес“, рече Трајановски.

Нада Наумовска од ФООМ истакна дека временскиот опфат е најкандалозниот аспект на лустрацијатаСпоред податоците, категориите лица кои се опфатени со законот треба да се однесуваат на лицата кои во моментот се на функција. Кај нас се опфатени овие лица, но и 140 други категории на јавни функции што зборува за широк опфат на лустацијата.

„Ние сакавме да видиме со кои функции се занимаваат, но не го дадоа тоа. Од статистиката на Комисијата за верификација на фактите , 50 проценти на поведените постапки се однесуваат на поранешни носители“, рече Наумовска.

Исоторичарот Харолд Шенкер кажа дека мора сите да имаат пристап до правните инструменти, и дека пристапот за истражувачки цели мора да биде гарантиран.

„Во Германија мора претседателот на Комисијата да биде јавна и позната фигура, важно е да се има јавна дебата, мора процесот да биде во паралела со дебата во општеството. Пред се е потребата за транспреантност и отчетност“, рече Шенкер.

Фросина Тасевска ременски и Владимир Пивоваров, кои се и дел од тимот кој ја изработи публикацијата, укажаа дека со ваквата лустрација е направена штета врз безбедносните служби, и со законот се создаваат нови жртви.

Би можело да ве интересира

Сорос тврди дека поразот на Русија во Украина ќе ја распадне „Руската империја“

Сорос и Гејтс ќе ја преземат фирмата за брзи ковид тестови

Ана Ололовска

ПроПублика: Маск, Сорос, Безос не плаќале данок на доход со години

Ана Ололовска

Несими: Мојата лустрација имаше политичка позадина

Ана Ололовска

Највисокиот суд на ЕУ против унгарските закони што го погодија универзитетот на Сорос

Ана Ололовска

Според Сорос, Си е закана за ЕУ

Ана Ололовска