(ВИДЕО) Протест пред МРТ-телевизијата ќе мора да ги емитува снимките од опозицијата

Од:

На вечерашниот протест пред МРТ излегоа поголем број граѓани кои побараа телевизијата да престане да го штити режимот и да почне да работи во интерес на граѓаните. Лидерот на Достоинство, Стојанче Ангелов кажа дека нема да се откаже од борбата за МРТ ми дека протестите ќе бидат се помасовни од ден на ден.

Тој од пред телевизијата побара оставка од јавниот обвинител Марко Зврлевски за кого посочи дека денеска не сакал да го прими и да разговараат за навоната забрана МРТ да не може да ги емитува снимките од опозицијата.

-Ми кажаа дека нелигитимниот јавен обвинител Зврлески имал совест само му била заспана. Ве повикува утревечер во 19 часот во поголем број, режим не се руши за една недела. Дојдете илјада и да ви кажам како за една ноќ се руши режим. Апелирам до нелигитмниот јавен обвинител Зврлевски да не се крие од мене, денеска му беше страв и срам да ме прими.

Зврлевски прими ми и погледни ме во очи да ти кажам зошто треба да си одиш, спаси си ја душата ако не можеш да си ја спасиш слободата, рече Ангелов. Групата од пред МРТ се упати кон јавното обвинителство од каде со извици на негодување беше побарано повлекување на јавниот обвинител од функцијата.

Би можело да ве интересира

МТВ: Македонската телевизија ги отфрла информациите од кабинетот на Пендаровски дека Гордана Силјановска-Давкова сама си договорила дуел

(ВИДЕО) Каевски: Голем скандал, лажните анкети на МТВ се нарачани во штабот на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Стоилковски: Очајни дезинформации својствени за СДС, следат тужби за клевета и за фалсификат

Реакција на МРТ на обвинувањата од СДСМ

Се подготвува нова програма за Собранискиот канал

МРТ објави конкурс за избор на претставник и композиција за Евровизија 2022

А1он