(ВИДЕО)Османи: Будно ја следиме ситуацијата со Србија, не би брзале со заклучоци

Од:

Будно ја следиме ситуацијата со соседна Србија, но не би брзале со заклучоци околу тоа. Го поддржуваме српскиот официјален став за заштита на пријателските односи и враќање на состојбите во вообичаени рамки, рече вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи.

-Република Македонија развива добрососетски односи со сите држави од регионот. Новата влада го покажа тоа и преземаме ингеренции и интензивни активности да ги решиме отворените прашања со соседите, рече Османи.

Вицепремиерот исто така изјави и дека не треба да се шпекулира за причината зошто српската влада ги повлече своите дипломати од државава.

-Нема да избрзуваме со никакви одлуки во тој правец, ќе чекаме да ги добиеме сите детали бидејќи по однос на тоа прашање важно е да има добра волја од двете страни за да се вратат работите во вообичаените односи, вели Османи.

На новинарското прашање дали Владата ќе го поддржи Косово за влез во УНЕСКО, Османи изјави дека имаат комуникација со косовската страна и дека во моментов тие немаат никаква апликација за УНЕСКО, па поради тоа ова прашање не е предмет на разговор во владата.

-Во моментот кога ќе биде побарана поддршка тогаш ќе донесеме одлука, рече Османи.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Снема јајца во Хрватска, бабите од селата станаа главни добавувачи

Брнабиќ за блокадерите: Го отфрлаат дијалогот во Србија, а бараат легитимитет од странците

Сијарто ги обвини Брисел и американската левица дека сакаат да го соборат Вучиќ

Го нападнал и сечел со мачета, српски полицаец во критична состојба

30 повредени откако автобус од Косово удри во камион на автопат во Германија

Лончар: Монструозна лага е дека починало дете во Ваљево