(ВИДЕО) КОВАЧЕВСКИ: Само продолжете да си мислите дека сме раскарани

Од:

„Битолското стопанство е на колена, а старата битолска чаршија од ден на ден економски умира.
Спортските објекти – руинирани, а битолските спортски клубови едвај преживуваат.

До каде е топлификацијата на Битола. Каде е новата битолска топлана? Ги нема!

Ја нема ниту ветената пруга Битола-Лерин? Каде е карго аеродромот во Логоварди?

Добро знаете каде се….во нивните џебови, на нивните тајни сметки!

Ништо не остварија. Градот ни го запустија!

Каде е филмскиот град на Талески? Па тој знае само филмови да ни продава, исто како и неговиот шеф.

Во стилот на Груевски и градоначалникот Талески си владее со својата “фамилија“ во Битола. Ќерката си ја постави за технички секретар на факултет, а зетот за раководител во МЕПСО.

Партиските вработувања, поставувањето на неодговорни лица во Јавните претпријатија од страна на Талевски се причина зошто тие истите пропаѓаат или се на работ на пропаста“. Ова го кажа Васко Ковачевски од СДСМ.

„Јавно се обврзавме, дека подолг период пред локалните избори ќе го избереме нашиот кандидат за градоначалник.

Тоа и го сторивме, шест месеци пред изборите излегуваме со нашиот фаворит за Битола.

И замислете што се случува, партијата која абер нема со кој кандидат ќе излезе на мегдан, се обидува преку своите медиумски мегафони да продава лажни приказни за наводен раскол на СДСМ во Битола.

Иако, масовноста на вечерашниот митинг е најдобар одговор на овие манипулации, јас ќе ја искористам приликата на ВМРО ДПМНЕ јавно да им го порачам следното:

Само продолжете да си мислите дека сме раскарани, продолжете и понатаму да ширите лаги, тоа е најдобриот начин дополнително да ги мотивирате граѓаните да Ви ја испорачаат фактурата, да Ве казнат на изборите.

И бидете сигурни, дека во март кога ќе ги видите изборните резултати, кога заедно со Менде ќе Ве победиме – ќе мора да се соочите со гневот на Вашите активисти кои бесрамно ги манипулирате, ги лажете за вработување, им давате лажна надеж“, рече Ковачевски.

Би можело да ве интересира

Оставки по поразот – И Лукаревска заминува од потпретседателското место во СДСМ

Анита Петровска Рајковиќ

Деспотовски: Пропуштивме огромна шанса да го направиме првиот чекор кој почнува со одговорност од врвот

Орце Костов

Ковачевски го призна поразот: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Анита Петровска Рајковиќ

ВМРО-ДПМНЕ 227.944 гласови, СДСМ 77.658 гласови од 63% обработени избирачки места

Орце Костов

ВМРО-ДПМНЕ со голема предност пред СДСМ, покажуваат бројките на партијата

(ВИДЕО) Кузеска од СДСМ: Имавме фер и демократски избори, граѓаните покажаа зрелост

Орце Костов