(ВИДЕО) Димитриевски: Бев удрен во лице од полициски службеник

Од:

Претседателот на Советот на Општина Куманово, Максим Димитриевски во врска со денешниот инцидент, со возило на градоначалникот Зоран Дамјановски и нивното приведување во полициска станица истакна дека се работи за класична демонстрација на сила и злоупотреба во исклучиво политички цели.

Тој наведе дека бил сведок, кога полициски службеници го запреле возило на градоначалникот, во центарот на градот, кое што го управувале други лица и нагласи дека тие употребиле физичка сила и го привеле во станица.

-Бевме доведени во полиција на распит, а сега и самиот се чудам зошто на сила бев исфрлен од полициска станица и не ми беше дозволено да дадам изјава. Градоначалникот го задржаа да даде изјава, а мене ме приведоа да дадам, но сега на сила ме исфрлија. Имаше обид за физичко насилство, бев удрен во лице од страна на полициски службеник со врата од автомобилот. Со највулгарни зборови ми се обраќаше, потоа и на градоначалникот. Се обидов да му објаснам дека ние ги претставуваме граѓаните, дека е недолично такво однесување на еден полициски служник, но сепак не наидов на разбирање. Во моментот кога побарав интервенција на внатрешна контрола, истото лице замина и мислам дека не е тука-изјави Димитриевски.

Тој истакна дека полицијата без налог има направено претрес и одземено материјал од автомобилот.

-Во полициска станица се обидоа на сила да ни го вратат докуменотот, откако сфатија дека го имаат прекршено законот. Го немам видено материјалот, но мислам дека се работи за некој документ од второ или трето значење. Од самото доаѓање, полициските службеници не убедуваат дека не сме приведени, дека можеме слободно да си одиме, да не правиме случај-истакна претседателот на Совет на Општина Куманово.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Битиќи: Граѓаните тонат во сиромаштија, пратениците да го прифатат предлогот на СДСМ за ДДВ на струја и храна

СДСМ не знае да чита документи, одговор од Министерството за животна средина за обвинувањата за Меџити

СДСМ тврди дека поседува документи за вмешаност на Меџити во злоупотреби и сомнежи за корупција

Катерина Ѓуровски

Олаф Шолц го призна поразот: Горчлив резултат за социјалдемократите

А1он

Лидерите на АфД по историскиот успех: Добивме мандат за „епохални промени“

А1он

Мерц веќе прогласи победа на изборите во Германија

А1он