(ВИДЕО) Блажески: Мијалков бараше 10.000 евра за клевета, локалните функционери го следат примерот

Од:

Во Основниот суд во Охрид, денеска се одржа ново рочиште за случајот „Лизгалиште“. Секретарот на oпштина Охрид Димитар Спасески го тужи советникот Дејан Блажески.

Претходно Апелациониот суд во Битола ја прифати жалбата на Блажески и со тоа случајот е вратен на повторна постапка во охридскиот Основен суд.

Спасески го тужеше Блажески за клевета и побара отштета од 300.000 денари за наводно изнесени клевети во врска со градското лизгалиште.

Во септември минатата година судот пресуди во полза на Секретарот на општина Охрид, односно дека Блажески треба да му исплати 20.000 илјади денари за нанесување на душевна болка.

Блажески на подготвителното рочиште се бранеше сам, бидејќи адвокатот му откажал само неколку часа пред рочиштето, па после тоа мораше да ангажира адвокат од Скопје.

Блажески денес пред судењето даде изјава за медиумите.

”Лошо е да се следи примерот на луѓе од централата на ДПМНЕ кои бараат по десет илјади евра за клевета. Го потковале коњот и жабата ја кренала ногата. Се посега по познатите механизмите на власта, како што Мијалков бараше 10.000 евра отштета, секретарот Спасески за поставено советничко прашање од мене бара сега 5.000 евра отштета, изјави Блажески.

Димитар Спасески не се појави на денешното рочиште. Следното рочиште е закажано за 07.03.2017 година, во кое ќе има распит на странките.

Би можело да ве интересира

Земјотрес со јачина од 3 степени утринава почувствуван во Охридско-струшкиот регион

Првите полски туристи од Вроцлав слетаа на аеродромот во Охрид, почнуваат две нови авиолинии од Вроцлав и Катовице

Охрид SOS со барање до Министерството за култура за итна привремена заштита на заштитена куќа во градот

Горан Наумовски

Лажниот доктор од Охрид доби казна затвор од пет години и шест месеци, а од измамените осум граѓани зел околу 56.000 евра

Мртов маж е пронајден во стан во Охрид

(ВИДЕО) За „влакно“ избегната трагедија во Охрид: Параглајдерист за малку ќе удреше во мајка и дете

Горан Наумовски