ВИДЕО: Зошто новинарка на МТВ се смее за хуманитарната помош за Србија?

Од:

Новинарката на вестите на МРТ со уклучување во живо во централниот дневник на Јавниот сервис разговараше со соговорник на кој не му го знаеше ни името. Иако разговараше за хуманитарна помош за Србија и БиХ, новинарката постојано се смееше и беше видно расположена, иако се познати стандардите и начинот на однесување при вакви ситуации.

Откако уредничката на вести Билјана Трендафилова-Василева ја повикува да известува новинарката го започна „деталниот“ извештај.

Соговорник на новинарката беше Крсто Скубев, раководител на секторот за маркетнинг на Македонската опера и балет, кај кого во текот на разговорот ваквото однесување предизвика збунетост.

Суштината на јавувањето беше донацијата на МОБ или парите од продадените влезници од преставата „Фауст“ од Шарл Гуно, кои ќе се испратат во Србија и Босна како гест на солидарност на МОБ за поплавите во овие две земји.

Би можело да ве интересира

Тошковски бил адвокат на фирмата „Ал Дарив” која добила сомнителен тендер од МРТВ, тврди Левица

Бизнис партнери и осомничени во „Делчевски ниви” си делат тендери во МРТВ, обвинува Левица

Ковачевски: Анкетите на МТВ нè потсетуваат како изгледаа медиумите до 2016 година

Инцидент во зградата на МРТВ: Вработен во обезбедување нападнат од колега

Горан Наумовски

Македонската телевизија не се емитува во Бугарија, Ковачевски ќе бара одговор од МНР зошто

Катерина Ѓуровски

Програмскиот совет при МРТ и ЗНМ: На нетранспарентен начин се крати буџетот на МРТ

Ана Ололовска