ВИДЕО: „Значи нивното здравје не е важно, нашето е?”, судијата лут на адвокатот на Јакимовски кој поради корона одложи рочиште па отишол на друго судење

Од:

Адвокатот Виктор Цветковски, застапник на Стевчо Јакимовски дојде на денешното судење за предметот кој се води против актуелниот градоначалник на Карпош. Тој кажа дека има направено тест за коронавирус и добил негативни резултати, откако минатото рочиште беше одложено поради негово отсуство.

На ова реагираше судијата Осман Шабани кој му предочи на адвокатот дека два дена по одложеното рочиште се јавил на рочиште за друг предмет.

„Во петокот ни одложивте рочиште, а преку еден ден во Штип се јавувате за притворски предмет. Значи нивното здравје не е важно, нашето е?”, рече Шабани.

„Во четврток беше позитивна. Во петок се тестирав”, кажа адвокат Виктор Цветковски, застапник на Јакимовски.

„За еден ден не се развива коронавирус. Барем не одете таму да го загрозувате здравјето. Знаеме веќе за тоа како се развива вирусот, секојдневие ни стана”, рече Шабани.

Јавниот обвинител кажа дека нема одново да дава воведен говор и дека останува на истиот за Стевчо Јакимовски и Александар Милошевиќ иако процесот почна од почеток.

„За обвинетата Лилјана Трајковска и Весна Стефснова постапките се одвоени и има првостепена пресуда”, кажа јавната обвинителка.

Претходното рочиште за овој предмет се одржа на почетокот од месец ноември, еден ден откако ја презеде функцијата градоначалник. Предметот се суди одново, бидејќи судечкиот судија Горан Бошевски беше разрешен, а нов судија е Осман Шабани. За овој предмет, Јакимовски беше и во куќен притвор. Тој се гони бидејќи со неговите дејствија, Обвинителството тврди дека направил штета од 7.209.600,00 денари без ДДВ на буџетот на Општина Карпош.

Според Обвинителниот акт, обвинети се 6 лица. Првообвинетиот Јакимовски е обвинет за повеќе кривични дела злоупотреба на службената положба и овластување и едно кривично дело бесправно градење од Кривичниот законик. Тој се товари дека од 2011-2017 година, како градоначалник, во повеќе наврати ја злоупотребил службената положба и овластување во постапки за јавна набавка и во постапка за легализација на времени објекти од деловен карактер и приватизација на градежно земјиште во државна сопственост.

Би можело да ве интересира

Јакимовски: ЗЕЛС е обичен партиски комитет на ВМРО-ДПМНЕ

Ѓорѓиевски се надева дека градоначалниците на Струмица и на Карпош ќе се вразумат

Јакимовски најави дека ќе го напушти ЗЕЛС „ако продолжи теророт од власта“

Катерина Ѓуровски

Градоначалникот на Струмица најави дека општината го напушта ЗЕЛС

Катерина Ѓуровски

Јакимовски јавно и се извини на министерката за образование Јаневска затоа што вчера ја нарече „северџанка“

Горан Наумовски

Јакимовски ја обвини владата дека со помош на разни финти им обезбедува пари на албанските општини за да финансираат таканаречена „албанска академија на науки“