ВИДЕО: Жителите на Пласница 20 години немаат вода за пиење, локалната самоуправа крие од јавноста

Од:

Жителите на општина Пласница веќе 20 години пијат загадена вода и тоа се крие од јавноста со што здравјето на околу 5 илјади жители на ова прилепско село е доведено во опасност.

Според извештајот од тестирањето на водата од центарот за јавно здравје во Прилеп, водата не е здравствено исправна и е забранета за пиење поради присуство на бактерии од цревно потекло како и зголемена матнотија и присуство на органски материи.

Како што велат жителите на оваа општина повеќе од десет години од центарот за јавно здравје во Прилеп пристигнуваат извештаи дека водата во Пласница е загадена, но тогашната централна власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ, како и локалната самоуправа на чело со градоначалникот Исмаил Јахоски од ДУИ ги криеле овие извештаи од граѓаните.

-Никој не е известен дека водата е забранета за пиење, па ниту училиштата каде ја користат и најмладите. Во 21 век да нема чиста вода за пиење е срамно, наместо вода, од чешмите излегува тиња, вели за А1он жител на Пласница.

Граѓаните на прилепското село одреден период се снабдувале со вода од кичевското јавно претпријатие за водоснабдување „Студенчица“, но по краток период и ова решение им било скратено без конкретно објаснување.

По ова, локалната самоуправа навидум се обидела да го реши проблемот со спојување на трите реки кои течат околу општината во еден резервар кој требало да служи за водоснабдување на Пласница, меѓутоа на резерварот не биле поставени филтри за прочистување на водата, со што жителите и понатаму останале без вода за пиење.

Пласничани и натаму преку извршители се принудени да плаќаат месечна претплата од 600 денари за вода и комуналии и покрај тоа што немаат чиста вода. Тие во неколку наврати се обиделе да го бојкотираат плаќањето на сметките за вода, но како што велат, општината за возврат им правела проблеми кога треба да се заврши некоја друга работа.

Револтираните граѓани бараат одговорност и оставка од Градоначалникот на Пласница, Исмаил Јахоски кој за прв пат е избран во 1996 година и ова му е четврти мандат во градоначалничката фотелја на општината.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Во прекин сообраќајот на патот Прилеп – Градско поради сообраќајка

Жена од Прилеп се заканувала дека ќе запали кафеана

Горан Наумовски

Одрон на патот Прилеп – Витолишта, сообраќајот се одвива отежнато

А1он

Барање за подготвителна постапка против малолетник за убиството на дете во Прилеп

Детали за вчерашното убиство во Прилеп: Уапсени се малолетник и 21-годишно момче

Горан Наумовски

Свирепо убиство во Прилеп: Младо момче избодено до смрт

Катерина Ѓуровски