(ВИДЕО) Жители на Тафталиџе: Жалосно е против наша волја некој да си го полни џебот

Од:

Од најстаро до најмладо утрово по четврти пат ги блокираат багерите да го унишат едниот од последните паркови кои останаа во Тафталиџе 1 на улицата Букурешка. Жалосно е ова што се прави, велат граѓаните. Прашуваат каде ќе одат сега, бидејќи се што остана на улицата се згради и асфалт.

– Моите деца ете ги играат, да ги видат како играат. Ова не знам што е, на некого џебот да се полни или да не затворат? Тогаш да не умрат подобро, вели жителка на Тафталиџе.

Со бастунот ќе шетам по улица, на друго место нема каде, нека ме газат автомобили. На друго место немам каде, тука бетон ќе биде се, зеленило нема, стар човек да седне, деца да играат, нели е срамота. Ова е голема катастрофа, упорно ќе градат па макар и со полициско обезбедување, па таа полиција чија е, народот треба да го брани, а не тие што ги земаат парите, велат граѓаните.

Граѓаните велат дека паркот е како нивни дом, дека доаѓаат тука по цели денови, а општината користи додека помладите се на работа да почнат со копање. Тоа е работа на политика, заклучуваат жителите на Букурешка.

– Тајкуните ни направија за никаде, држава не постои, вели граѓанин.

Жителите се одлучни, велат ако треба и ќе лежат во паркот со цел да не се почне со копање на последното зеленило на улицата.

– Децата ни играле тука, сме чистеле, сме ја коселе тревата во паркот. Било многу убаво, весело, не знам што стана сега згради, згради има на секој чекор. Жалосно е ние тука да дежураме, против нашата волја некој да си го полни џебот. Тоа не е фер, ова е здравје, гледајте колку згради има околу ова земјиште. Сите сме потресени, и деца и стари и млади, велат жителите.

Додека граѓаните секојдневно се обидуваат да ги спречат градежните работи со кои ќе се уништи и последното парче зеленило кое им остана, општината не се откажува од својата намера и тоа мало место да го претвори во бетон.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Пронајдена рачна бомба на Зелениот пазар во Тафталиџе

(ВИДЕО) „Срамота е, на онкологија нема доктори, а овие млади чекаат работа“: Поддршка од граѓани за специјализантите

A1on

(ВИДЕО) Кули од 35 и 25 ката на земјиште на Алумина што го купи „Пуцко Петрол“

A1on

Ученици од Гази Баба за излет до паркот во Гази Баба платиле по 250 денари за автобус: Колку чини една школска екскурзија

A1on

(ВИДЕО) „Два часа чекам за пасош со „северна“: Гужви за документи пред пунктот во полициска станица „Пролет“

A1on

Владата ќе организира авионски превоз за 90 граѓани заглавени во Израел после шест дена од почетокот на војната

A1on