(ВИДЕО) Жерновски: Партиска политика во образованието во Центар нема да дозволам

Од:

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, утре закажа состанок со 7-те директори на основните училишта, за да ги праша каков бил и која била целта на вчерашниот собир во гимназијата Ј.Б.Тито, дали бил партиски, и да им го соопшти неговиот став дека никој не може на младите да им наметнува како да размислуваат.

„Добив информација од присутен на средбата дека во гимназијата се одржува средба на директорите на средните и основните училишта на територијата на Скопје, и ова го споделив со јавноста, и ова потоа беше потврдено со видео снимка. Се гледа дека и доктори биле присутни. Затоа утре во 10 и 30 ги повикав директорите, да им кажам јасно дека нема да дозволам партиска политика во образованието во Центар.Јасно е што беше тема, да спречи и да се бојкотира утрешниот Студентски марш. На мојата информација немаше никаков демант, уште еднаш сакам да нагласам, никој не смее да внесува партиска политика во образованието во Центар“, изјави Жерновски.

А1 он вчера доби видео од наш читател. Тој рече дека пред да влезе на партискиот состанок, го снимил видеото, на кое се гледа дека директори на средните и основните скопски училишта се собираат на состанок во гимназијата Ј.Б.Тито.

„Снимав од далеку, за да има некаков доказ за тоа како во нашата држава, преку директорите, се убива слободната мисла кај учениците. Не свикаа за да ни одржат лекции и да ни дадат задачи како да постапуваме по повод Студенсткиот марш. Треба да направиме се, што помалку ученици да се приклучат на студентите. Многумина од нас се засрамени од ова, но сите молчат од страв. А дека се работи за партиски состанок, докажува и присуството на еден претседател на општинската партиска организација. Ова би требало се да ни каже, каков беше овој собир“, ни напиша еден од присутните.

Би можело да ве интересира

Јаневска: Блиску сме до решение за студентскиот оброк, се разгледува ваучерски систем

Растат тензиите во Албанија: демонстранти ги запалија перничињата поставени како симболична покана за дијалог пред седиштето на Еди Рама

A1on

Аларм за наезда од глодари во Центар: Живи и мртви, стаорци и глувци на паркинг кај основно училиште

Горан „бетоњерка“ Герасимовски го турка планот за „Барутана“ на Водно: Чии интереси штити?

Левица: Планира ли некој да ја извести Јаневска дека студентскиот оброк, спротивно на Закон, три години не е покачен или свесно продолжува да лаже?!

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски