ВИДЕО: Жерновски најавува дека следните бомби ќе бидат за ДУИ

Од:

Градоначалникот на Центар и поранешен лидер на ЛДП, Андреј Жерновски, денеска го коментираше текот на преговорите за решавање на политичката криза и при тоа најави дека следните бомби на опозицијата ќе бидат поврзани со ДУИ на Али Ахмети.

– Али Ахмети и ДУИ се еден од клучните фактори. Слушам од амбасадорите дека на преговорите Ахмети бил доста конструктивен, но знам дека наскоро една од главни поенти на бомбите ќе бидат случувањата во ДУИ. Да почекаме какви реакции ќе предизвика тоа, па потоа да анализираме кој како понатаму ќе се претстави на политичката сцена – рече Жерновски одговарајќи на новинарско прашање колку претседателот на ДУИ може да придонесе за брзо решавање на кризата.

По однос на најавите за радикализација на граѓанскиот антивладин отпор, Жерновски порачува дека опозицијата треба сериозно да размисли за следните чекори.

– Најавата за радикализација ја чувствувам како фрустрација на граѓаните затоа што не се решава проблемот. Сите инволиврани треба да сфатат дека имаме работа со премиер заглавен во криминали, кој длабоко навлегол во тоталитаризам и премиер кој треба да си поднесе оставка. Ги разбирам тие фрустрации, но треба сериозно да се размисли како ќе дејствува опозицијата – изјави тој.

Маја Васева

Би можело да ве интересира

ДУИ бара независна и непристрасна постапка за случајот со Артан Груби

ДУИ обвинува за директен атак на правосудниот систем

А1он

ДУИ позитивно ја оценува одлуката на Артан Груби да се врати во земјата

Лажни дојави за бомби во училишта во Скопје и Тетово

Вреди: ДУИ да побара Албанија да го екстрадира Артан Груби

Филков: Кога Билал Касами ќе биде премиер, тогаш ќе кажува кој ќе биде министер

Горан Наумовски