(ВИДЕО) Жерновски: 100 деца од новата градинка “Кочо Рацин” на улица, доколу МТСП не ги продолжи договорите

Од:

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, апелира до Министерството за труд и социјална политика да ги продолжи договорите за 11 вработени, за да не се случи близу 100 деца од новата градинка “Кочо Рацин” да не можат да бидат згрижени. Директорката на градинката и општина Центар испратиле на време барање да се продолжат договорите.

“Апелирам до министерството да ги продолжи договорите кои истекуваат на 30-ти јуни. Не сакам да навлегувам во политички води и се надевам дека ова не се случува бидејќи се работи за општина Центар, но на 11 вработени во новата градинка им истекува договорот. Доколку не се продолжат договорите за нивно ангажирање, близу 100 деца ќе треба да останат на лица. Неколку пати пративме допис до Министерството, но немаме одговор. Се надевам дека политиката нема да преовлада, туку грижата за децата”, рече Жерновски.

За згрижување на децата и за нормално функционирање на новата градинка “Кочо Рацин”, неопходно е продолжат договорите за ангажирање на 6 негователки, 1 воспитувач, готвач, лекар и хигиеничари.

Би можело да ве интересира

Жерновски: Нема услови за локални, но сега е вистинскиот момент за парламентарни избори?!?

А1он

Жерновски: Посакувам компромис за одлуката за избори

А1он

Жерновски: Избори ни се потребни што поскоро

А1он

Базен во новото училиште „Капиштец“

А1он

Жерновски: За изборите, Македонија и Центар

А1он

Жерновски: На 11. декември јас ќе гласам за здружената опозиција

А1он