ВИДЕО: Жените и мажите еднакви според закон, но не и во пракса

Од:

Акција Здруженска денеска ги презентираше клучните наоди од извршената проценка на Законот за еднакви можности на жените и мажите (ЗЕМЖМ). Со мониториног за ефективноста на ЗЕМЖМ, се прави увид во она што се случува во имплементацијата на законот една година по усвојувањето.

Во истражувањето се опфатени 25 органи на државната управа, 84 единици на локалната самоуправа (ЕЛС) и Град Скопје, а резултатите индицираат незначителен напредок во поглед на имплементацијата.

„Направивме генерален преглед на она што го прават институциите за аспекти од законот што ги сметаме за важни, а ако порано ни беше важно да го промовираме родовиот мејнстрим или интеграцијата на родовата перспектива, денес е враќаме малку назад за да видиме дали некои елементарни постапки ја промовираат еднаквоста и се дел од дејствувањето на институциите“, посочи Марија Савовска од Акција Здруженска.

Оттука предмет е имплементацијата на техничките претпоставки, исполнување на мандатот на надлежностите на комисиите за еднакви можности на жените и мажите (КЕМЖМ), како и исполнување на обврската на органите на државната управа и ЕЛС за превземање посебни мерки.

slik (4)

Според Законот, во Собранието на РМ се формирала Комисија за еднакви можности на жените и мажите (КЕМЖМ), а во Владата на РМ требало да се именуваат координатор и заменик координатор за еднакви можности. Иако имало тримесечен период за исполнување на овие технички претспоставки, Владата, органите на државна управа и единиците на локалната самоуправа не ги почитувале овие субјекти во рокот, а сега во Владата сеуште нема координатор и заменик координатор, додека поголем дел од органите на државна управа тврдат дека определиле координатори.

„Препорака е да се иницираат прекршочи постапки за санкционирање на субјектите кои не ги исполниле, како и да се развие и спроведе програма за информирање и појаснување на обврските од ЗЕМЖМ за сите субјекти“, стои во анализата.

Мајкл Ситватер, директор на Канцеларијата за демократија и локална самоуправа на УСАИД во Македонија, потеницраше дека родовата еднаквост и зајакнувањето на жената како две вредности се од големо значење за уживање на човековите права и имаат клучно значење за ефективен и одржлив развој.

„Ниту едно општество не може да функционира без да обезбеди рамноправни можности ресурси и животни перспективи за мажите и за жените за да тие можат да ги оформат своите животи како и да придонесат во заедницата и нивните семејства“, нагласи тој.

Родовата нееднаквост има значајни негативни последици во општеството, а како што посочи Стиватер кога жените не би можеле да учествуваат на пазарот на трудот, бруто домашниот производ може да се намали за 2%.

Ирена Цветковиќ истакна дека за една година се направени крупни чекори, односно донесен е Законот за еднакви можности меѓу мажите и жените, завршено е спроведувањето на националниот акциски план за родова рамноправност, а усвоена е осумгодшната стратегија за родова рамноправност. Сепак, потенцираше таа, истата година се соочивме и со драматични повици за мобилизирање околу проблемот на т.н. „рецесија на нацијата“.

„Повторно центарот на вниманието беше свртено кон себичноста на жената и женските права, а каналите низ кои ги слушавме овие реторики се силни и бројни“, додаде Цветковиќ.

Темјана Поповска

Би можело да ве интересира

Градоначалникот Ибраими се пофали дека арачиновци плаќаат данок: Општината веќе не е „црна овца“

Александар Тодески

Граничниот премин Ќафасан ни го опремуваат Американците, со донација и техничка помош

Жарко Настоски

Промовиран Порталот за отворено владино партнерство

Дополнителна поддршка од 15.929.675 долари од УСАИД

А1он

ФООМ донира 100 илјади долари за најзагрозените ромски семејства

Ана Ололовска

САД би можеле да ја укинат цела помош за БиХ