(ВИДЕО) Жбогар: Државата излегува од криза, иднината ја гледаме со оптимизам

Од:

Амбасадорот на ЕУ во Македонија, Самоил Жбогар по средбата со премиерот Зоран Заев, Жбогар истакна дека му честитал на премиерот за одговорноста во овој важен период.

– Има функционален парламент, функционална влада. Ова ни дава верба дека државата излегува од кризата и верба дека можеме да ја гледаме иднината со оптимизам. Вчера Вардар инјектираше оптимизам во чувствата на луѓето, така се чувствуваме и ние, сега е време да се почне со вистинската работа, со реформите, рече Жбогар

Тој кажа дека Европската Унија е подготвена да даде насоки за реформите, но одлуките треба да бидат на Владата. На средбата, Жбогар и Заев зборувале и за тоа дека сите партии и граѓани треба да се вклучат за евроатлантските интеграции.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Лавров: ЕУ се претвора во милитаристички блок насочен против Русија и Белорусија

ЕК: Изборниот резултат е можност за напредок на Србија кон ЕУ

А1он

Зеленски: Европа мора да учествува во одлуките за завршување на војната

Срдановиќ: Европската интеграција и дијалогот за Косово ќе продолжат

Горан Наумовски

Путин ѝ испрати предупредување на Европа за рускиот гас: „Кој на друг му копа јама, самиот паѓа во неа“

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите