ВИДЕО: Зголемен бројот на инфаркти, Итната помош со над 100 повици

Од:

Шест миокардни инфаркти за само неколку часа биле регистрирани денес во скопската итна помош. Докторите велат дека оваа бројка е невообичаено голема ако се земе предвид дека изминатите денови речиси немало вакви случаи или имало по еден до два инфаркти во денот.

„Во текот на денешниот ден од 7 часот па досега е зголемен е бројот на миокардни инфаркти, претходните денови не беше така. Денес е симптоматично, досега имаме шест инфаркти од пациенти што одат во амбулантите. Во текот на денешниот ден бројот на повици од пациентите е зголемен. Пациентите повеќе се жалат на колапси, варијација во притисокот, се јавуваат пациенти со зголемување и покрај хроничната терапија што ја земаат. Се жалат на висок притисок, се јавуваат за консултација и за совети“, вели докторката од Итна помош Изабела Здравковска-Слезенсковска за „А1он“.

Таа нагласи дека миокардниот инфаркт се јавува со препотување, градна болка, трнење во раката, ниска тензија и советува пациентите кои имаат вакви симптоми веднаш да побараат стручна помош.

Итната помош добива над сто повици во денот. На удар од горештините е повозрасната популација, но меѓу пациентите имало и колабирани деца.

„ Денеска имаме повеќе колапси од постарата популација. Излегуваат, денес е петок, слободно возење. Без причина, без потреба да не излегуваат на овие горештини. Ако имаат нешто да завршат, тоа да го направат во раните утрински часови или по 17 часот и ако имаат потреба да излегуваат да ја земат хроничната терапија пред да излезат од домовите. Имаме колапси и од помладите, децата, излегуваат надвор, не јадат, легнуваат подоцна, стануваат подоцна, не земаат течности и колабираат“, вели докторката Здравсковска-Слезенковска.

Докторката советува на горештините да не се излегува надвор во периодот од 11 до 17 часот, да се престојува во ладни простории, да се носи лесна облека, да се земаат многу течности, да се избегнува храна што лесно се расипува и да се зема лесна храна и за секој здравствен проблем да се побара помош.

 

Би можело да ве интересира

Велковски: Срамота е да се каже дека пет отсто е зголемување на пензиите

Ковачевски: Повеќе за сите е мерката за поддршка на пензионерите до 15.000 денари за 5 месеци

СДСМ: Антикризните мерки од 662 милиони евра опфаќаат 187.000 пензионери

Горан Наумовски

Антикризни мерки: Учениците ќе добиваат од 1.200 до 1.800 денари месечно, по 3.000 денари за пензионерите со ниски пензии

Орце Костов

Во Кавадарци бесплатниот превоз за пензионери ќе стартува од јануари

Орце Костов

Тренчевска: Со новиот пакет антикризни мерки ќе бидат опфатени и пензионерите со најниска пензија